Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

April 24, 2024
1 min read

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство. 

„Целта на акцијата со кодно име ‘Пирамида’ се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мирен изборен ден, пријавени неколку нерегуларности

Следно

РЦУК: Повеќе скопски населби утре без струја

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни
Go toTop