Акција на косовската полиција на север, затворени пет паралелни српски општини

August 30, 2024
1 min read

Косовската полиција денеска објави дека спровела акција за затворање на објекти користени од паралелни структури управувани од властите во Србија во косовските општините на северот од земјата, населен со мнозинско српско населени, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во врска со акцијата, министерот за локална самоуправа во косовската Влада, Елберт Красниќи објави дека се затворени пет паралелни општини.

Красниќи на неговата страница на Фејсбук напиша дека сега веќе нема да функционираат паралелните општини: Округ Косовска Митровица, паралелната општина Митровица, како и општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

„Денеска, по блиска координација меѓу институциите на Република Косово, затворени се паралелните нелегални институции на локалната самоуправа, кои работеа по директиви на Србија, кршејќи ја уставноста и законите на Република Косово, напиша Красниќи.

Косовскиот министер, кој доаѓа од редовите на партиите на немнозинските заедници во Косово, порача дека „институциите на Република Косово нудат услуги за сите граѓани, без разлика на нивната припадност“.

„Тие се вистинската адреса за сите барања и потреби на нашите граѓани. Остануваме посветени на што е можно повеќе услуги со највисок квалитет. Граѓаните, без никаква разлика, имаат точна адреса каде можат да ги добијат општинските услуги, а на паралелните структури им е јасно дека не можат да работат надвор од законската рамка на Република Косово. Во ниту еден простор на нашата Република нема место за незаконско работење и паралелни служби“, порача Красниќи.

Во меѓувреме, во соопштение на косовската полиција, се наведува дека акцијата се одвивала во пет згради.

Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека во канцелариите кои денеска се затворени се издавале фалсификувани документи.

Протестирајќи пред полицијата во акцијата на север, српскиот политичар Александар Арсенијевиќ изјави дека српските граѓани се плашат од присуството на косовската полиција.

„Што ќе правиме без центарот за социјална работа, без општинското јавно претпријатие, без другите институции од витално значење за Србите кои нудат заштита и помош на граѓаните на кои им е потребна“, рече Арсенијевиќ.

Тој ги повика Србите „да не станат плен на провокации бидејќи тоа го бараат властите во Приштина“.

Косовските власти пред неколку месеци затворија други седум паралелни општини: во Призрен, Пеќ, Сува Река, Исток, Клина, Раховец и Драгаш.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Калиопи по морничавата вест дека умрела: Вашата морбидност ги надмина сите граници

Следно

Борел: „Војната во Газа се прошири и во Ерусалим, Западниот Брег и Либан“

Latest from Blog

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање

Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на

Дешамп по СП 2026 се сели во С. Арабија?

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Ако нешто се знае поврзано со селекцијата на Франција, која ќе биде една од главнте аспиранти за титулата на СП 2026, тогаш тоа е дека сегашниот

Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел и се приклучува кон ИАФ

Новата група ќе работи заедно со меѓународната коалиција на произраелски парламентарни тела за зајакнување на таканаречената „дипломатија базирана на вера“ и подобрување на поддршката за Израел. „Копретседатели на групата ќе бидат Ромина
Go toTop