„Акциите се погласни од зборовите“ – Рокас во името на унијата со порака: Задржете ги принципите на ЕУ

February 27, 2025
1 min read

Брисел, преку евроамбасадорот Михалис Рокас, повика Македонија да ги задржи принципите на Европската Унија, откако земјава гласаше воздржано за резолуцијата за Украина во Обединетите нации. Рокас, пред Мешовитиот парламентарен комитет со Унијата, истакна дека зборува од името на високата претставничка Каја Калас и еврокомесарката Марта Кос и поздравувајќи ја целосната усогласеност на Македонија со надворешната политика на Унијата додаде:

„Сепак, сакам да нагласам дека важно е Северна Македонија да ги задржи основните вредности и принципи на Европската Унија и активно тоа да го покажува во мултилатералните форуми, вклучително и во рамки на Обединетите нации. Со тоа ќе се потврди геостратешката заложба кон европскиот пат“, изјави Михалис Рокас, евроамбасадор.

Се обрати и полскиот амбасадор Мариуш Бримора, чија земја претседава со Унијата. Според него, важно е Македонија да остане посветена на европските вредности и принципи.

„Гласањето во Обединетите нации и резолуциите во ОН предизвикаа реакции на амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија овде. Акциите се погласни од зборовите. Не треба многу внимателно да се следат состојбите за да се сфати дека геополитиката денес е многу сложена“, Мариуш Бримора, амбасадор на Полска.

Амбасадорите исто така порачаа да се усвојат уставните измени за да може да се отвори првиот преговарачки кластер, бидејќи, како што велат, проширувањето е високо на агендата. Министрите Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани пак, побараа решителни чекори и од Унијата.

„Билатералните прашања не треба и не смеат да бидат инструмент за диктирање на напредокот и ли блокада на процесот на пристапување на соседите“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

„ЕУ е одговорна да дејствува не со колебање, туку со стратешка визија. Процесот на проширување не може да остане второстепено прашање кога е клучна и неопходна геополитичка работа“, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашањеа.

Постапките на Македонија во Обединетите нации ги коментираше и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, според кого гласањето било неочекувано. Македонија гласаше воздржано за резолуцијата што ја поднесоа Европската Унија и Украина, во која се осудува руската агресија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадорите на ЕУ му порачаа на Мицкоски да го прави тоа што го зборува

Следно

Димитриеска-Кочоска: Ноторен факт е дека Петровска изгради кариера од глумење жртва, сум ја бранела кога други ја напаѓале

Latest from Blog

Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати

Возилото излетало од патот, удрило во карпа и се превртело. Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училиштен автобус во источна Уганда, кој се

ВЛЕН: ДУИ со години ја манипулира јавноста – документ од Србија ја открива вистината

ВЛЕН објави соопштение во кое тврди дека официјален документ од Претседателството на Србија ја побива, како што наведува, „пропагандата на ДУИ за српскиот свет“. Од ВЛЕН велат дека ДУИ со денови изнесува,

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите
Go toTop