АКТО на Млад отворен театар

November 13, 2023
2 mins read

Огранизацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“ ве кани на тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

Перформативна инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон и Студентски павилјон на Република Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“.

На 16 – ти ноември (четврток) со почеток во 20 часот е закажан првиот чин „Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“ – Претставување на Национален павилјон на Република Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Автори се: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори се: Филип Јовановски и Ивана Васева.

Вториот чин од перформансот е закажан на 17-ти ноември (петок) од 12 до 18 часот под наслов „Ретки искуства на градот како сцена“ – Отворање на просторна инсталација – архива на истражувањето во рамки на платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“ во периодот 2013 – 2023 година.

Во рамки на оваа архива ќе биде изложен проектот „Еднаш во животот – ретки студентски искуства на градот како сцена“, дел од Студентскиот павилјон на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Учесници се: Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ, Александар Јовановски и Мартина Петреска. Куратори се: Кристина Леловац и Филип Јовановски

На 18-ти ноември (сабота) од 12 часот ќе се одржи третиот чин или „Изведба на јавниот простор“ – Дискусија модерирана од Кристина Леловац (актерка и изведувачка, ФДУ-УКИМ Скопје) и Миодраг Куч (ZK/U-Берлин), Маркета Фантова (уметничка директорка на Прашкото квадриенале за перформанс дијзан и простор). Истиот ден, од 13:45 часот започнува сесијата „Попаметни граѓани 02“ – Перформативна презентација на процесот на работа со студенти од Архитектонски факултет и факултетот за Драмски уметности- УКИМ Скопје, како и други сродни уметнички факултети во земјава во периодот октомври-ноември 2023 година. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект Градот како сцена: изведување на јавниот простор. Процесот на работа вклучуваше развој на метода на читање на градот и различни урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор.

Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал (Shadow Casters – Загреб) во соработка со Креативниот тим дел од платформата Градот како сцена: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска. Комесар: Русе Арсов | Продукциски тим: Ивана Самандова, Благица Петрова.

Партнери во проектот се Младинскиот културен центар – Скопје; Интернационален театарски фестивал МОТ. Поддржувачи се Министерство за култура на Република Македонија, Факултетот за драмски уметности – универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени крадци во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

Следно

Сан Франциско сјае

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop