АКТЕРКАТА МАЈА ВЕЉКОВИЌ-ПАНОВСКА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

February 23, 2023
1 min read

Глумицата Маја Вељковиќ-Пановска е нова в. д. директорка на Драмски театар Скопје, откако досегашната директорка Катарина Коцевска-Хаџи Василева се повлече од лични причини, соопшти Театарот. Коцевска-Хаџи Василева беше на оваа функција од септември 2019.

Вељковиќ-Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 . По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ Македонија.  Од 1999 е вработена во Драмски театар Скопје.

Од нејзината театрографија се издвојуваат повеќе улоги како: Антонина („Земјомерот“, 2000); Јованка Орлеанска („Јованка Орлеанска“, 2000); Марија („Војцек“, 2001); Маре („Тетовирани души“, 2002);  Фонсија Дорси („Партија реми“, 2018) ; Јоана Дорек („Чудесна терапија“, 2019); Газдарицата („Птица со главата меѓу нозе“, 2021).

Во филмографија се забележени улогите на: „Последниот валцер“ (2000), „Големата вода“ (2004), „ Бардо“ (2012) и „Незрели цреши“ (2015).

Добитничка е на наградите: „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката” на Македонскиот еатарски фестивал „Војдан Чернодрински “ (Прилеп, 1999); награда за епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2002) и други.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо со сабја во рака го одбележа Денот на Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Следно

Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на Драмски театар, Катерина Коцевска се повлече од лични причини

Latest from Blog

Израел го нападна Институтот за истражување на вселената во Техеран

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година. На социјалните медиуми објавени

Психологот Стојанова: Процесот на закрепнување на повредените од Кочани е тежок и бавен

Девет психолози од Кочани, Охрид и Скопје веќе една година работат со повредените и родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. Во Центарот за ментално здравје секојдневно преку работилници и разговори,
Go toTop