Ако Украина падне конфликтот ќе се прошири и на Балтикот – предупредуваат украинските активисти во земјава

January 20, 2024
1 min read

Следната мета на Русија ќе биде Европа, ако Украина падне и признае пораз, Руската Федерација ќе ги покаже империјалистичките амбиции кон европските држави, предупреди денеска претседателот на здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Александар Урбанович.

Војната во Украина се уште не стивнува, цели на руските напади се дури и породилишта, вели Урбанович и нагласува дека дел од украинците немаат ниту вода за пиење.

Украина скоро две години војува со Русија, откако на 24 февруари 2022 година започна руската инвазија во која досега се загинати десетици илјади украинци. Свесни дека и луѓето во Македонија имаат проблеми, не очекуваат голема хуманитарна помош но потсетуваат дека луѓето во Украина се уште имаат потреба од основните прехрамбени и хигиенски продукти.

Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ денес одржа свечен марш во центарот на Скопје, по повод Денот на соборноста на Украина. Маршот се одвиваше од споменикот „Александар Македонски“ на плоштадот „Македонија“ до споменикот на „Тарас Шевченко“ во паркот „Жена Борец“.

Денот на Соборноста, по повод прогласувањето на Актот за обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во 1919 година, во Украина се одбележува секоја година на 22 јануари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екипажот на мисијата Ах-3 пречекан на Меѓународната вселенска станица од Експедицијата 70

Следно

Незгоден пад на една од најдобрите скијачки во светот (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop