Акар: „Страните се блиску до продолжување на договорот за жито по позитивните разговори“

May 12, 2023
1 min read

МУГЛА (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изјави дека неодамнешните разговори меѓу Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации (ОН) биле позитивни, и им помогнале на страните да се придвижат поблиску кон согласност за продолжување на Договорот за пренос на жито преку Црното Море, јавува Анадолу.

Претставници на ОН и замениците министри за одбрана на Туркије, Русија и Украина се состанаа во Истанбул на 10-11 мај на преговори за уште едно продолжување на договорот, кој истекува следната недела.

„Според нашите првични информации, средбата во Истанбул била позитивна. [Страните] се движат кон договор“, изјави Акар на настан во југозападната турска област Мугла.

Тој истакна дека има шест комерцијални бродови во украинските пристаништа и дека е постигнат „рамковен договор“ за нивно враќање во Туркије.

„Страните се согласија да продолжат со четирилатералните разговори за финализирање на договорот“, додаде тој.

Турскиот министер нагласи дека договорот овозможил да бидат испорачани повеќе од 30 милиони тони жито во земјите кои имаа потреба.

„Што значи тоа? Тоа значи спречување на гладта и одржување на стабилноста“, рече тој.

Туркије, ОН, Русија и Украина минатиот јули потпишаа договор во Истанбул за обнова на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше стопиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со претставници од трите земји и ОН за да ја надгледува испораката.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Поради пожар, затворен за сообраќај мостот кој води од „Ист гејт“ кон Железничката станица

Следно

Завојуваните страни во Судан потпишаа обврска за заштита на цивилите

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop