Акар: „Околу 60.000 Сиријци од Туркије доброволно се вратија во својата земја по земјотресите“

March 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека околу 60.000 Сиријци во Туркије се вратиле во нивната матична земја преку границата по земјотресите на 6 февруари со епицентар во јужните региони на Туркије, јавува Анадолу.

Говорејќи во Хатај, област погодена од земјотресот, Акар ги отфрли тврдењата за илегални премини на турската граница, велејќи дека тоа е „апсолутно невистинито“.

Нагласувајќи дека границите на Туркије се интензивно заштитени, чувани и надгледувани 24/7 со „возила и опрема со најсовремена технологија“, Акар потврди дека се преземаат сите мерки на претпазливост.

Тој ги демантира и тврдењата дека по земјотресот дошло до „прилив на бегалци од Сирија во Туркије“.

„Ова не е точно. На граничната линија вршевме инспекции, разговаравме со цивилните и воените власти. Околу 60.000 Сиријци кои ги загубиле своите роднини и домови по земјотресот, доброволно се вратија во својата земја. Никогаш нема да дозволиме илегално преминување преку границите, такво нешто не доаѓа предвид“, порача Акар.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа – и ги однесоа животите на повеќе од 50.000 луѓе.

Над 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многу други во северна Сирија.

Акар, исто така, го осуди неодамнешниот напад врз муслиманската света книга Куранот и турското знаме во Данска.

„Нападот на нашето знаме и светата книга е одличен пример за варварство и одвратно однесување. Ова е апсолутно злосторство против човештвото и омраза“, рече тој.

Истакна дека таквиот говор на омраза е сè пораширен.

„Ова е крајно срамен чин во име на човештвото. Најостро го осудуваме. Тоа никако не може да се објасни со слобода на изразување“, додаде Акар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕСТОТО НА ДРАМИТЕ ИМ Е НА СЦЕНАТА, НЕ НА УЛИЦИТЕ, ВЕЛИ АКТЕРКАТА ТЕУТА АЈДИНИ-ЈЕГЕНИ ВО ПОРАКАТА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Следно

Северна Кореја истрела 2 балистички ракети со краток дострел

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop