Акар: „Околу 42.000 Сиријци од Туркије доброволно си заминаа дома по земјотресите“

February 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека околу 42.000 Сиријци што престојувале во Туркије се вратиле во нивната матична земја преку граница по земјотресите на 6 февруари со епицентар во јужните турски региони, јавува Анадолу.

Говорејќи во областа Хатај, која беше погодена од земјотресот, Акар ги отфрли тврдењата дека постои прилив на сириски бегалци во Туркије преку нејзината јужна граница, и ги нарече невистинити.

Акар истакна дека многу сириски жители кои живеат во Туркије се враќаат во својата земја поради загубата на нивните домови и роднини.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмараш и погодија уште 10 други области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа. Од разорните земјотреси беа погодени над 13 милиони луѓе.

Делови од северозападна Сирија исто така беа погодени од земјотресите, со човечки жртви и материјална штета.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Триесет приведени во полициска акција против крадци на автомобили во Бугарија

Следно

Зеленски: За одбрана од руските напади потребни се модерни борбени авиони

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop