AI GEMINI следи се на GMAIL? Tужба за следење во САД

November 12, 2025
1 min read

Гугл се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција Gemini за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на Gmail, Chat и Meet. Во групна тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија се тврди дека технолошкиот гигант тајно ја активирал алатката за сите корисници во октомври, давајќи му пристап до приватни податоци без нивно знаење или согласност.

Додека корисниците претходно имаа можност сами да ја вклучат програмата за вештачка интелигенција на Гугл, во тужбата се тврди дека компанијата во сопственост на „Алфабет“ еднострано ја променила својата практика. Иако е можно да се исклучи Gemini, корисниците мора да поминат низ комплицирани поставки за приватност за да ја пронајдат таа опција.

Доколку корисниците не го преземат тој чекор, Google наводно го користи Gemini за „пристап и експлоатација на целата снимена историја на приватните комуникации на своите корисници, вклучувајќи буквално секоја е-пошта и прилог испратена и примена во нивните Gmail сметки“, се вели во документот.

Тужителите тврдат дека Гугл го прекршува Законот за нарушување на приватноста во Калифорнија. Тоа е закон од 1967 година кој изрично забранува тајно прислушување и снимање на доверливи комуникации без согласност на сите вклучени страни.

Гугл сè уште не ги коментирал обвинувањата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Романија: Премиерот Боложан ги претстави приоритетите за економијата и безбедноста пред амбасадорите на ЕУ

Следно

Општина Пробиштип организира јавни консултации за заштита на природата и управување со отпад

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop