АХВ: Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

October 31, 2024
2 mins read

Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Направено е лабораториско тестирање на 2 живи птици (лебеди) кај кои не е утврдено присуство на вирусот. Денес се преземаат мерки за заловување на другите птици во комплексот, кај кои ќе се врши лабораториско тестирање за утврдување на присуство на болеста.

АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни и контролни мерки, со цел спречување на ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување на затекнати диви птици на локацијата, освен птиците кои се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање за утврдување на присуство на птичји грип, наредено е спроведување на дезинфекција на одгледувалиштето, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето без одобрение на официјален ветеринар.

Покрај овие мерки наредено е и затворање на живината/птиците во нивните одгледувалишта, земање на мостри од угинати птици за утврдување на присуство на вирусот, забрана за одржување на саеми, изложби, пазари и други собири на живина или птици од наведеното епизотиолошко подрачје.

Задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината и дивите птици, до надлежен официјален ветеринар, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето.

Болеста најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар. Се работи за зооноза од која првенствено заболуваат птиците, но и луѓето и затоа АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик (близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина).

АХВ донесе решение и за воведување заштитни мерки во однос на болеста син јазик кај говеда овци и кози, на целата територија на земјава, по лабораториска потврда на присуство на болеста во две одгледувалишта во Демир Капија. Таму од 190 животни, угинати се 7, а десеттина се со клиничка слика карактеристична за оваа болест и зголемена телесна температура.

Станува збор за болеста која задолжително се пријавува. Луѓето не заболуваат. Болеста Син јазик е неконтагиозно вирусно заболување кај домашните и дивите преживари. Претежно се јавува кај овците, но, заболуваат и говедата, козите, биволи, кај антилопите, елените, срните и камилите. Се пренесува преку инсекти (комарци) од видот Culicoides. Болеста не се пренесува од животно на животно. Векторите се заразуваат со вирусот по цицање крв од инфицирано животно.

До донесеното решение, забрането е движење на сите преживни животи во и од одгледувалиштето најмалку 30 дена по последниот случај на болеста, спроведување на епидемиолошко испитување во заразеното одгледувалиште за утврдување на можниот извор на инфекцијата, местата на присутност и распространетост на векторот ( преносителот), преземање мерки за спроведување на редовна дезинсекција на заразените одгледувалишта најмалку еднаш неделно, како и третман на животните со репеленти. Хумано убивање на заболените животни со тешка клиничка слика ќе се врши по налог на официјален ветеринар, по претходно мислење од доктор по ветеринарна медицина од надлежното ветеринарно друштво.

Задолжително е пријавување на секој сомнеж на болеста и угинување на животните до овластените ветеринарни друштва, односно до официјалниот ветеринар. Сточарите имаат обврска за поставување на мрежи за заштита од инсекти на прозорците на фармите, секојдневно чистење на одгледувалиштата и заштита со најлонска фолија на исчистеното ѓубре и простирката, отстранување на местата каде има заостаната вода, а кои се подобни за размножувцање на векторите како и забрана за напасување на добитокот во временски период од 17 до 9 часот наутро, кога нивната активност е најголема.

На целата територија на земјава се забранува движење на сите преживни животни – говеда, овци и кози во и од одгледувалиште, освен ако животните се упатуваат во кланица, а се забранува и работа на добиточните пазари, изложби или друг вид настани за сите видови преживни животни.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот Кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК

Следно

Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop