АХВ: Ако сте купиле „Атлантик Штарк“ бисквити вратете ги, можно е присуство на туѓо тело

September 19, 2024
1 min read

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11,05. 2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, потврдија за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

– Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера, од компанијата „Атлантик траде“ Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува производите: 280766 Кексичи како перелив 220 гр.

серија 1507482842 со рок на траење 11,05. 2025 и 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11,05. 2025.

Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија.

АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите.

До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле, изјавија од АХВ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, „Атлантик Штарк“ (Atlantic Štark d. o. o) објави дека од српскиот пазар и од БиХ повлекува производи поради можност за присуство на туѓо тело.

Дистрибутерот на Atlantic Štark d. o. o, Atlantic Brands d. o. o, соопшти дека од пазарот се повлекуваат производите: Бисквити какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок на употреба 08,05.

2025 година, Бисквити какао кокос, 220 гр, серија, 1207483492, со рок на употреба 08,05. 2025 година, Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482841, рок на употреба 11,05.

2025 година, Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482842, рок на употреба 11,05. 2025 година.

– При одлучувањето за отповикување, се водиме од високи стандарди за квалитет, како одговорна компанија која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, со цел одржување на високо ниво на доверба во безбедноста и квалитетот на нашите производи.

Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле наведените производи да ги вратат на продажното место каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат замена на производот, се наведува во соопштението.

Вакво соопштение за повлекување на производот има и за во Босна и Херцеговина.

-Ги информираме клиентите и потрошувачите дека за производите Cookies какао кокос, 220 g, серија 1207483491 (рок на употреба до 8,5.

2025) и Cookies какао прелив 220 g, серија 1507482842 (рок на употреба до 11,5. 2025 a), превентивно го повлекуваме производот поради можно присуство на туѓо тело.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети на АД ЕСМ

Следно

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на еден од најврвните полициски тренинг центри во светот

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop