Ахмети: Од законот за јазици не смее да се смени ниту точка и запирка

December 23, 2024
1 min read

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги, порача, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање на вечерашниот традиционален новогодишен прием на партијата.

Лидерот на ДУИ се осврна и на меѓутничките односи во државата, потенцирајќи дека тие се клучни за иднината на земјата, а дека благодарение на Охридскиот мировен договор се прекинати трагедиите и е отворен патот на дијалогот и мирот.

Да се ризикува овој договор, додаде Ахмети, значи да се враќаме назад. Предупреди, дека ќе има невиден отпор со секој обид за промена на законот за јазиците. Во оваа смисла кажа дека не сакаат конфликт туку влез во Европската унија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и Маврово – Дебар

Следно

Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје

Latest from Blog

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното
Go toTop