Агрон Речи: Кривичната пријава против мене е отфрлена бидејќи немаше докази дека сум сторил кривично дело

March 6, 2025
1 min read

Поранешниот државен правобранител од Охрид, Агрон Речи, реагираше на информациите објавени на повеќе новинарски портали, во кои се наведува дека против него е поднесена кривична пријава за „Лажно претставување“. Според обвинувањата, Речи наводно се претставувал како адвокат и застапувал странки пред суд, иако неговата адвокатска дејност била во мирување, со цел стекнување противправна имотна корист.

Речи категорично ги демантира овие наводи, истакнувајќи дека тие ја нарушиле неговата чест и интегритет, со оглед на тоа што биле распространети низ целата држава. Тој нагласи дека надлежното обвинителство ја отфрлило кривичната пријава поради недостиг на докази дека сторил кривично дело.

„Таквите информации значително го нарушија мојот углед. Надлежното обвинителство утврди дека нема основа за обвинение, што јасно докажува дека не сум сторил никакво кривично дело, ниту сум стекнал противправна имотна корист“, изјави Речи.

Тој, исто така, упати критики кон надлежните органи, особено кон Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), кој, според него, треба посериозно да ги разгледува пријавите пред да ги процесуира. Според Речи, во овој случај општествениот статус на пријавителот имал поголемо значење од самите докази.

„Иронијата е уште поголема бидејќи пријавителот е судија во еден од апелационите судови и работи на предмети од кривичната материја“, додаде тој.

Речи истакна дека Адвокатската комора како независен орган досега немала никакви неправилности во своето работење и дека ваквиот случај создава лажна слика за адвокатите, особено оние кои работат во Охрид.

Тој тврди дека постапката против него била иницирана од лични мотиви, поврзани со обидот на посредниот пријавител неговата сопруга да ја задржи на позицијата Овластен потписник на Државниот правобранител, иако против неа бил поднесен предлог за разрешување поради нестручно и несовесно работење.

На крајот, Речи најави дека ќе поднесе кривична пријава против пријавителот за „Лажно пријавување на кривично дело“, како и тужба за клевета и навреда против сите инволвирани, доколку не добие јавно извинување од нив.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците

Следно

Митревски: Владата веднаш да престане да преговара со Трендафилов, нелегитимно се претставува како претседател на ССМ

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop