Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Северна Македонија организира регионална конференција

November 20, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Северна Македонија преку регионална конференција ја одбележува 20-годишнината од своето формирање, јавува Анадолу.

На дводневната регионална конференција насловена „Соработка за зајакнување на претприемништвото и растот на малите и средни претпријатија“ учествуваат претставници од Туркије, Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

На отворањето на конференцијата, поздравен говор имаше заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, кој ја нагласи регионалната соработка за зајакнување на претприемништвото и растот на малите и средни претпријатија, додавајќи дека конференцијата придонесува за поголема интеграција и размена на информации и добри практики во насока на поголем економски раст и развој.

Хусејин ја истакна и поддршката и значењето што институциите му ги даваат на претприемништвото, истакнувајќи ја програмата „Самовработување“.

„Во насока на проверено успешни добри практики од земјава, Министерството за труд и социјална политика, со партнерите Агенција за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото, поддржана од УНДП – програмата за развој на Обединетите нации од 2007 година, реализираат програма која игра клучна улога во градењето опкружување кое го поддржува претприемништвото“, рече Хусејин, додавајќи дека од оваа програма досега се креирани околу 17.000 бизнис-планови во повеќе од 15.000 регистрирани компании.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во својот говор го поздрави фактот што агенцијата создаде мрежа на држави кои се присутни на регионалната конференција.

Таа потсети дека 25 години била активна во деловниот сектор, вклучително и 7 години на чело на Сојузот на стопански комори.

„За мене нема ништо поважно во една земја и за економијата на една земја од малите и средни претпријатија и приватниот сектор. Ова е столбот на економијата и тоа се всушност субјектите кои придонесуваат нашата економија да оди напред, да расте и да се развива. Тоа е случај и со Северна Македонија, каде над 99 отсто од регистрираните субјекти во приватниот сектор се мали и средни претпријатија“, рече Арсовска.

Таа додаде дека Градот Скопје традиционално преку повеќе програми го помага претприемништвото, додавајќи дека за прв пат во земјата е формиран и Совет на жени претприемачи, чија цел е да се постигнат еднакви можности и да се зајакнат жените.

Директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Имер Имери, го изрази своето задоволство што првата регионална конференција се организира во годината кога агенцијата одбележува 20 години од основањето.

„Веруваме дека овој настан ќе испрати храбра порака до сите засегнати страни и до ЕУ, дека регионот на Западен Балкан и соседството се соочуваат и споделуваат заеднички предизвици и затоа е ориентиран кон оптимизирање на вложените средства во растот на конкуренцијата и растот на претпријатијата преку ваквите иницијативи за да се разменуваат добри практики и заемно да се пренесува знаење“, рече Имери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателските и парламентарните избори 2024 година треба да се одржат на ист датум, велат од Партијата на Турците

Следно

Израелските сили бомбардираа подрачје близу болница во јужниот дел на Појасот Газа, загинаа најмалку 17 лица

Latest from Blog

Петрушевска: Посакуваме час поскоро стабилна Влада во Бугарија со која ќе може да разговараме за придвижување на европската интеграција

Пратеничката Марија Петрушевска имаше кратко обраќање на Постојаниот Комитет на ПС на Советот на Европа. -Извештајот и известувачите на ПССЕ кој се однесува на предвремените Парламентарни избори во Бугарија, дава препораки за

Black Friday: Пазарен инспекторат „лови“ лажни попусти

Нечесните трговци кои ги изигруваат купувачите со лажи попусти се еден чекор пред институциите и добро знаат како да го изиграат законите, вели претседателката на Организација на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Таа

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти
Go toTop