Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

December 10, 2024
1 min read

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во значајна корупција. Поради нивните напори да се мешаат и да го нарушат функционирањето на судството, со оваа одлука, тие и нивните непосредни членови на семејствата добиваат забрана за влез во САД.

Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, на денешната прес-конференција во врска со новите лица од Северна Македонија кои се најдоа на американската таканаречена „црна листа“ – Груби и Беџети.

Тие што го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот, треба да разберат дека корупцијата носи последици, изјави Агелер.

„Дополнителни санкции исто така се разгледуваат во Вашингтон. Се надевам дека оваа акција јасно покажува дека САД можат и ќе ги искористат сите алатки на располагање за да ги повикаат на одговорност оние чии криминални активности ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на владеењето во Северна Македонија“, рече Агелер.

Амбасадорката на САД во земјава изрази надеж дека судските и правосудните структури во Северна Македонија ќе ги повикаат корумпираните актери на одговорност.

Одби да ги коментира деталите за назначувањето на Груби и Беџети на „црната листа“, но рече дека САД имаат цврсти докази за нивна вмешаност во корупција.

„Доказите што Вашингтон ги разгледуваше, што ги собравме и тука во оваа земја и во Вашингтон, беа лесно достапни…Ако ние можеме да ги собереме тие докази, тогаш можат и тие [македонските институции]“, рече Агелер.

Американската амбасадорка Агелер кажа дека синоќа и утрово разговарале со премиерот Христијан Мицкоски за новите назначувања на листата.

На новинарско прашање за коментарите на Мицкоски дека домашни политички актери подготвуваат дестабилизација на државата, Агелер рече дека не сака да верува оти некој е способен да ја дестабилизира сопствената држава.

Во врска со „црната листа“, амбасадорката на САД кажа дека истата не е затворена и дека очекува на неа да се најдат и други имиња.

Извор: Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митева: Владата донесе одлука – нема да има зголемување на платите на функционерите

Следно

ВО ЖИВО: „Што ви дишат децата“ – Протест за чист воздух

Latest from Blog

Ѓоковиќ против Медведев ќе игра за историја, квотите велат Русинот е фаворит

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, откако вчера го совлада Александер Зверев за 32-ра победа на 32-риот свој меч во Пекинг, денеска има нов предизвик, игра полуфинале со Данил Медведев и продолжува

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop