Агелер за проширената „црна листа“: Се надевам дека институциите навистина ќе преземат нешто, граѓаните заслужуваат корупцијата да биде гонета

November 20, 2023
1 min read

На прашањето, дали очекува по новите назначувања на „црната листа“ институциите да преземат мерки, евентуално да отворат истраги или обвиненија, Агелер нагласува дека луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат корупцијата да биде следена, истражувана и гонета

Со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја или на друго место во регионот. Вака американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во интервју за Телма го искоментира минатонеделното проширување на „црната листа“ на САД со нови имиња од Балканот, поради корупција и активности кои биле во корист на Русија, а на штета на нивните матични држави.

Имено, во минатонеделното назначување на црногорскиот бизнисмен Дака Давидовиќ на „црната листа“ на САД, во објаснувањето беа спомнати и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Беше споменато дека Давидовиќ влијаел врз влади на Западниот Балкан или врз претходни и актуелни политичари. На прашањето, дали во тој контекст се мислело на Северна Македонија и која е пораката, Агелер изјави:

„Мора да признаам дека како американски амбасадор во Северна Македонија, се фокусирам на тоа што се случува во оваа земја. Но, ќе кажам дека во назначувањата кои ги видовме досега, корупцијата нема тенденција да остане во една држава. Балканот е област која е многу поврзана и секако тоа го видовме и со назначувањата тука, но мислам дека една од важните поенти кои ги нагласивме во нашата објава минатиот четврток, кога беа објавени назначувања, е дека со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја, или на друго место во регионот“.

На прашањето, дали очекува по новите назначувања на „црната листа“ институциите да преземат мерки, евентуално да отворат истраги или обвиненија, Агелер нагласува дека луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат корупцијата да биде следена, истражувана и гонета.

„Интересно е дека секојпат кога назначуваме луѓе за корупција во оваа земја, секој граѓанин и секој пријател со кој разговарам, вели: ‘се разбира’. Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава. Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета“,

изјави Агелер за Телма.

САД минатата недела ја проширија „црната листа“, а на неа од Северна Македонија се најдоа имињата на Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев. Тие им се придружија на веќе споменатиот Јордан Орце Камчев, Рамиз Мерко, Никола Груевски и Сашо Мијалков.

На листата се ставени и компаниите „Систина лајф кеар центар“, „Орка холдинг“, „Бет сити“, „Орка фајнанс“, „Камчев консалтинг“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претставување на македонската поетеса Николина Андова Шопова на поетски фестивал во Братислава

Следно

„Албанија, со тебе сме“: Дури игра Македонија, македонските министри и политичари во Тирана ја бодрат Албанија

Latest from Blog

Путин најави дека утре ќе разговара со претседателот Ердоган за разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните разговори со Украина без предуслови на 15 мај во Истанбул, известува Анадолу. Путин даде изјава за новинарите по настаните одржани по

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За

Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и

Полскиот амбасадор Бримора: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора во интервју за МИА вели и во Брисел на билатерално ниво се работи на приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија. Тој нагласува дека полското претседателство

Парламентарни избори во Албанија: Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив
Go toTop