Агелер: Од клучна важност е на 8 мај луѓето да излезат и да гласаат, да побараат од кандидатите визија за иднината на државата

February 21, 2024
1 min read

Oд клучна важност е на 8 мај да излезат и да гласаат, затоа што важно е тие да ги изберат кандидатите кои тие сметаат дека ќе ги однесат кон најсветлата иднина за оваа земја, вели во интервју за Канал 5 ТВ американската амбасадорка.

Предизвиците со кои се соочува Македонија денеска се далеку по комплексни од „про“ ова или „про“ тоа. Не станува збор за единствен избор, има многу прашања за кои верувам дека граѓаните на оваа држава бараат да слушнат решенија и да видат акција. Интересниот дел на ова е дека имаме избори и во САД исто така годинава како што знаете, дека секогаш ќе има кандидати кои ќе работат да создадат по хаотична средина, кои не ги адресираат вистинските прашања, вели Агелер.

Но, додава амбасадорката, многу важно е најпрво, гласачите дали во Македонија или во САД да се едуцираат, да бидат свесни за тоа кои се различните гледишта на политичките партии, да размислат за нив, да бидат свесни за дезинформациите и лажните вести, а потоа да го погледнат изборот кој е пред нив и да побараат од кандидатите визија за иднината на оваа држава.

Бидејќи јас навистина верувам дека Македонија е во клучен момент и дека изборите кои доаѓаат, активностите, напредокот за реформите кој ќе се одвива во следната година или неколку години ќе биде клучно за иднината на оваа земја. Ова е земја која има толку многу ресурси, пред се, тоа се младите луѓе, граѓаните кои се најголем ресурс на оваа земја, но исто така природни и културни ресурси и важно е да се потсетиме дека најпрво, Македонија е во Европа, ова е европска земја и со право припаѓа во Европа. Затоа, движејќи се кон целосна евроинтеграција во евроатлантската структура е од клучна важност. Повторно, тоа што е многу важно, не само за граѓаните да се едуцираат самите себеси, но можеби уште поважно, е откако ќе го направат тоа, тие мораат да гласаат, посочува Агелер.

Таа нагласи дека луѓето мора да излезат и да гласаат.

Знаете, тажно е бидејќи слушнав голем број на луѓе кои велат „смачено ми е од политика, смачено ми е да слушам политичари, затоа нема да учествувам“. Но, од клучна важност е во демократија, ние како граѓани да го сфатиме тоа многу сериозно и да бараме од нашите кандидати која е нивната визија за нашата иднина, да видиме кои се нашите цели за нашите семејства, за нашата заедница, за оваа земја. И потоа од клучна важност е на 8 мај да излезат и да гласаат, затоа што важно е тие да ги изберат кандидатите кои тие сметаат дека ќе ги однесат кон најсветлата иднина за оваа земја, подвлекува амбасадорката на САД.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Кралот на криптовалутите“ ќе биде екстрадиран во САД, одлучи судот во Подгорица

Следно

Руни сака да му биде помошник на Гвардиола во Сити

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по
Go toTop