АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 42.310

February 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројката на загинати во разорните земјотреси што го потресоа југот од Туркије е зголемена на 42.310, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека се регистрирани 7.184 последователни земјотреси по двата разорни земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари.

На подрачјето погодено од земјотресите делуваат 14.740 лица за пребарување и спасување од АФАД и други полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови.

Се истакнува дека бројот на евакуирани лица од овие подрачја достигна 448.018.

Во зоните на земјотресите се наоѓаат вкупно 242.392 луѓе од АФАД, полицијата, жандармеријата, Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), итната помош, локални тимови за обезбедување и поддршка, волонтери и теренски персонал.

Вкупно 13.700 возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, цистерни за вода, приколки и слична градежна машинерија, беа испратени на подрачјето на катастрофата.

Вкупно 38 бродови биле вклучени во работите во регионот од страна на Министерството за национална одбрана и Командата на Крајбрежната стража за потребите за испраќање на персоналот, материјалите и евакуација.

Завршено е поставување на 301.289 шатори, што турските министерства, надлежните институции и организации, како и различи земји и меѓународни организации ги испратија во подрачјето погодено од земјотресите. Во овие подрачја се поставени 6.375 контејнери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ за Груби: Што вели легендата за преведувачот од амбасада кој што стана милионер

Следно

Столтенберг ја повика Русија да ја повлече суспензијата од членството во договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ

Latest from Blog

ФИФА казни два клуба, местеле натпревари

Меѓународната федерација за фудбал (ФИФА) казни два клуба од Кенија и Виетнам поради манипулирање со исходот од фудбалски натпревари и ги исфрли во третите дивизии на земјите, соопштува агенцијата Ројтерс. Дисциплинската комисија

СДСМ: Владата лаже, зарем вработените јаделе на државна сметка!? Итно да ги објави фактурите

Од СДСМ рагираат на т.н. „демант“ од Владта во врска со потрошенте 30.000 евра за јадење од страна на владините министри. Од таму велат дека ‘шокантен е одговорот на Владата по вчерашното

Босански спортист го заврши своето патување до Истанбул за поддршка на пациентка болна од рак

ИСТАНБУЛ (АА) – Босанскиот спортист Фарук Суљовиќ пристигнувајќи во Истанбул го заврши своето патување, кое го започна од својата земја за да ја поддржи терапијата на Анелија Смајиќ, пациентка која боледува од

Зеленски вели дека Украина ќе го забрза развојот на домашните ракетни системи

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Украина ќе го забрза развојот на својата програма за балистички ракети, нарекувајќи ги можностите за долг дострел „јасна и ефикасна гаранција за
Go toTop