Администрацијата на Трамп побара од Врховниот суд потврдување на забраната за трансродови лица во војската

April 25, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара одобрение од Врховниот суд за спроведување на забраната за служење на трансродовите лица во војската, пренесува Анадолу.

Генералниот обвинител Џон Сауер поднесе итна петиција до судот, со која се бара поништување на националната судска наредба издадена од федерален судија во државата Вашингтон, пренесе Ен-би-си њуз.

Сауер тврди дека таа судска наредба е во спротивност со „значителната дискреција“ што обично се доделува на професионалните процени на војската.

Противниците на забраната тврдат дека таа е противуставна и ги прекршува одредбите од 14. амандман, со кој се гарантира еднаква заштита под закон.

Новата забрана претставува проширување на политиката што Трамп ја воведе во својот прв мандат, политика што Врховниот суд тогаш дозволи да стапи на сила. Поранешниот претседател Џо Бајден подоцна ја укина оваа забрана.

Сауер објасни дека политиката исклучува лица што имаат „родова дисфорија или се подложиле на медицински интервенции за родова дисфорија“.

Окружниот судија Бенџамин Сетл на крајот на март пресуди дека „аргументите на Владата не се убедливи посочувајќи на недостиг на нови докази за новата политика. Апелациониот суд на 9. округ одби да ја блокира неговата одлука.

Администрацијата се повикува на претходната одлука на Пентагон од времето на првата администрација на Трамп, според која лицата со родова дисфорија претставуваат „закана за ефикасноста и борбената способност на војската“.

Во меѓувреме, одделен судски процес за ова прашање се води и во Вашингтон, каде што администрацијата на Трамп се обидува да добие слична наредба.

Врховниот суд им даде рок на противниците на забраната да одговорат до 1 мај. Дотогаш забраната останува блокирана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Денеска се враќаат уште пет пациенти од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти

Следно

Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop