АЏИКО им подаде рака на децата со посебни потреби: Кој ќе го купи овој фустан на македонската пејачка ќе биде запаметен како хуман човек

November 30, 2024
1 min read

На последниот фестивал Макфест, пејачката Марија Атанасова настапи во фустан дизајниран и декориран од дечињата од градинката Астибо и дечињата со попреченост од дневните центри и истиот беше ставен на аукција! Целта беше со собраните средства да се обезбеди климатизација за дневниот центар за лица со посебни потреби!

Настаност привлече огромно внимание и пофалби и истиот беше пренесуван од сите портали и медиуми низ Македонија!

За жал, лицето кое требаше да го плати фустанот, во последен момент се откажал од лични причини!

За среќа за дечињата, Adziko Home Center обезбеди климатизација за дневниот центар за лица со посебни потреби, да не мрзнат во овие зимски денови, а фустанот е, и ќе биде изложен до Св.Никола 19-ти Декември, низ сите продажни центри на Adziko Home Center спремен за тековна лицитација! Собраните средства ќе бидат донирани на здружението на лица со посебни потреби СПЛОТЕНИ СРЦА и наменети за тоа за што и е најпотребно во моментот! Во сите продажни центри на Adziko Home Center Штип, Гевгелија, Куманово и Скопје, се поставени и кутии за донација за децата од дневниот центар за лица со посебни потреби!

Сите заинтересирани, во порака или коментар на Adziko Home Center или Marija Atanasova можат да напишат сума за да го купат фустанот и со мал гест да помогнат на тие на кои им е најпотребно! На 19 Декември, оној кој понудил највисока сума, ќе биде новиот сопственик на фустанот и ќе биде запаметен како хуман човек кој помогнал таму каде друг не можел или не сакал!

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По 18 години градба, пуштено во употреба метрото во Солун

Следно

Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево – Охрид и кај Плетвар

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop