Аџигогов: Вештачки на пензионерите и на невработените им чуваме осигурување, од Нова година немаат

January 29, 2024
1 min read

Претседателот на Синдикатот на Фондот на здравствено осигурување, Бранко Аџигогов, најави дека денеска во 12 часот по шести пат ќе се одлучува што ќе се случува со нивната плата. До ова доаѓа откако Владата на седница одржана на 9 јануари 2024 година, донела Заклучок со која му препорачува на Управниот одбор на ФЗОМ да ги намали платите на вработените и тоа во висина од 21 процент.

Претседателот Аџигогов на својот Фејбук профил глевно објасни што се тие работат додека се размислува за намалување на нивната плата. Притоа откри и дека не се префрлени пари за задравствено осигурување за пензионерите и за невработените.

-Знаат ли што воопшто работиме во ФЗО или гајле им е? Во моментов вештачки на пензионерите и невработените им чуваме осигурување, од Нова година немаат. Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи. Поради неплатени придонеси за нив, од шупље у празно, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки. Да се овозможи колку толку рефундација на лек, да се платат боледувања и породилно.Па се мисли ли трезвено во државава, утре нема тоа да го прават и… Да крахира здравство. Најстрашно е што имаме пари и историски најголем буџет по сите параметри имаме. Се е тоа пари од придонес за здравствено.. не бараме ништо ни од патишта ни од гориво ни од царини ни од ДДВ.. Психолошка тортура вработените имаат од почетокот на годината, работат цел месец а не знаат дали ќе си ја земат платата или ќе им се намали 21 отсто, напиша во објавата првиот синдикалец во ФЗО Аџигогов.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти упати честитки до Џафери

Следно

Денеска е Св. апостол Петар

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop