Адамчевски во 24 анализа: Во официјалните преговори ќе бидат вклучени Европа и Украина, сега најважно е да се реанимираат односите меѓу САД и Русија

February 19, 2025
1 min read

Новинарот Мирче Адамчевски, во 24 анализа рече дека средбата меѓу Русија и САД не била за Украина туку за да се реанимираат односите меѓу двете држави. Според него, иако во преговорите ќе бидат вметнати и Украина и Европа сепак поважно е да се врати довербата меѓу двете држави.

„Средбата беше меѓу САД и Русија и таму на дневен ред не беше Украина туку беше да се реанимираат односите. Ние сме сведоци на менување на Американсаката политика за 180 степени. Ако се вратиме назад Советскиот Сојуз беше непријател на САД и по паѓањето на Берлинскиот ѕид дојде до затоплување но потоа односите повторно да се заладуваат, се додека да додје трамп. Сега прашање е да се врати довербата меѓу двете сили“, рече Адамчевски.

Тој објасни дека врз Трамп не може да се направи притисок па затоа потребно е прво да се врати довербата меѓу двете држави.

„Да се наполнат амбасадите, да има луѓе кои ќе работат, да се направат групи за работа. Изјавата на Трамп е рекација на искажувањата на Зеленски кој мислам дека избрзано реагираше дека не бил во Ријад. Во преговорите ќе бидат викнати и Европа и Украина но прво сакаат да си ги средат односите. Тие можеби нафрлиле точки за Украина но ништо не е решено“, изјави Адамчевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот сенатор Сандерс: Трамп и американските олигарси формирале „сојуз“ со Путин и руските олигарси

Следно

„Циркус Медрано“ во Собранието: На повидок две расправи за аерозагадувањето, едната на опозицијата другата на власта

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop