Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на Државната изборна комисија. Предлог листата е веќе доставена и се очекува Комисијата за избори и именувања да го утврди кандидатот, потврдија доцна попладне од Собранието.
Адбуш Демири е поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, информираше денеска пратеничката на Алтернатива дел од оваа коалиција.
Кандидатот Зулфи Адили, пак, е подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.
-Сметаме дека тој кандидат може да ја врши таа функција според сите законски прописи, рече Хоџа во изјава за МИА.
Скендер Реџепи-Зејд, претседател на Движењето на народот, не поддржа ниту еден кандидат, а во изјава за МИА рече дека процениле оти никој од предложените кандидати не бил соодветен.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата претходно утврдено листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.
Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.
По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.