Абдуселам Ханије, син на убиениот лидер на Хамас: Палестинците никогаш нема да се откажат од борбата

August 4, 2024
2 mins read

ДОХА (АА) – АЛИ АЛТУНКАЈ –

Абдуселам Ханије, најстариот син на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, кој беше убиен во Техеран, порача дека Палестинците никогаш нема да се откажат од борбата и покрај разорувањата и израелската окупација, пишува Анадолу.

Исмаил Ханије, кој беше убиен во средата во иранската престолнина Техеран, беше погребан по погребната молитва во Доха, главниот град на Катар.

По погребната молитва, неговиот син Абдуселам во разговор за Агенција Анадолу изјави дека борбата на палестинскиот народ не може со ништо да се спречи или запре.

„Мојата порака до геноцидниот ционистички непријател е дека овие напади врз нашите лидери повеќе од еден век не можат да нѐ сопрат. Вие нема да можете да го запрете востанието и револуцијата на палестинскиот народ“, рече тој.

Нагласи дека победата на палестинскиот народ е многу блиску.

„Му порачувам на нашиот народ, на палестинскиот народ, на нашиот народ во Газа, дека победата е близу, со Божја помош. Со Божја помош и нашите страдања ќе завршат. Се надеваме дека оваа мрачно опкружување околу нас наскоро ќе заврши“, рече Абдуселам.

– „Нашиот татко е шехид“ –

Тој додаде дека чувствува болка и тага поради убиството на неговиот татко, но напомена дека неговиот татко е „шехид“, религиозен термин во исламот што буквално значи жртва.

„Благодарен сум на Бога за сè кога е во прашање татко ми – водачот на палестинскиот народ. Неговото заминување е болно, но нашиот татко загина како шехид. Како што крвта на мојот татко не е повредна од крвта на децата или луѓето од Газа, така ниту нашите солзи се повредни од солзите на семејствата на убиените луѓе“, рече Абдуселам.

Тој порача дека палестинските лидери и народ на крајот ќе постигнат победа против Израел.

„Се надевам дека мојата порака ќе стигне до престолнините на сите исламски и арапски земји и дека еден ден ќе ја прославиме нашата победа заедно со палестинскиот народ, нивните водачи и семејствата на сите шехиди. Нашата порака е јасна, а тоа е пораката за достоинството и честа. Израелската окупација и израелското присуство во овој регион ќе заврши и тогаш ќе славиме. Дури и ако продолжи разорувањето, окупацијата и геноцидот, нема да се откажеме од нашата борба“, додаде синот на Исмаил Ханије.

– Тензии во регионот –

Тензиите во регионот дополнително ескалираа откако во средата во Техеран беше убиен политичкиот шеф на Хамас, Ханије. Додека Хамас и Иран го обвинија Израел за убиството, Тел Авив ниту ја потврди, ниту ја негираше неговата вмешаност.

Атентатот се случи еден ден откако командантот на Хезболах, Фуад Шукр, беше убиен во израелски воздушен напад во јужно предградие на Бејрут.

Стравувањата од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах се зголемија по сѐ почестите меѓусебни прекугранични напади.

Ескалацијата доаѓа во позадина на смртоносните израелски напади врз Газа во кои од октомври минатата година загинаа повеќе од 39.500 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не цимоли“: Растење во патриотски камп во Украина

Следно

Пацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата

Latest from Blog

Иранскиот врховен лидер испрати писмена порака до нацијата, не е виден во јавноста од март

Во писмена порака објавена денеска, тој повика на „уште поголеми напори“ за зачувување на единството на населението. „Вистинската суштина и внатрешната сила на иранскиот народ, во верата, надежта и акцијата, им се

Муцунски: Не е точно дека од државата се бараат само уставни измени

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на

Проданоски: Децата од Мало Коњари со песна и игра ја разубавија пролетта

Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија, на кој присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Под мотото „Со

Болоња официјално му се заблагодари на Италијано, следува промоција во Наполи!?

Винченцо Италијано досегашниот тренер на тимот на Болоња, и официјално си замина од клубот. Поточно, клубот официјално му се заблагодари за соработката по две години минати таму. „ФК Болоња 1909 објавува дека
Go toTop