Абазовиќ: Положивме голем демократски испит

April 3, 2023
1 min read

Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим.

– Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, и да им овозможиме на граѓаните да избираат онака како што мислат дека треба, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека верува оти со тоа се отвора нова перспектива кога станува збор за владеењето на правото во Црна Гора.

– Ова е дел од нашата европска агенда и сигурен сум дека целиот политички спектар треба да се собере околу нашата европска иднина, рече Абазовиќ.

Тој наведе дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан разговарале за многу теми. Додаде дека средбата поминала во многу добра и позитивна атмосфера.

Абазовиќ му се заблагодари на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој го отвори прашањето за идејата за изградба на регионален енергетски терминал, кој би го финансирала Европската унија.

Тој рече дека Црна Гора е подготвена да аплицира, да ги понуди своите капацитети и додаде дека енергетиката е во нивниот фокус подолго време.

– Она што не интересира е конечно да добиеме поморска врска со Италија, да го вратиме траектот Бар-Бари, Бар-Анкона, да го вратиме нашиот Свети Стефан. Тоа е амбиција на Владата, рече Абазовиќ.

Според него, Црна Гора е место на спојување.

– Верувам дека можеме да придонесеме за некои регионални процеси што се случуваат и дека конечно треба да се стави фокус на она што е заедничка иднина, економија и животниот стандард, рече Абазовиќ.

Зборувајќи за претстојната туристичка сезона, тој рече дека очекува голем број туристи од ЕУ и од регионот.

– Мислам дека во секој случај, на секое место во Европа и светот, Црна Гора демонстрира дека е земја достојна за почит, рече Абазовиќ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Гроси утре во Москва на разговори за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје

Следно

Берлин ќе го добие првиот конзервативен градоначалник по 20 години

Latest from Blog

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на

Следната сабота е Митровденска задушница

Православните христијани следната сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Лабудовиќ обвини за брутална бетонизација: Дали Герасимовски ставил потпис на 80 нови дозволи за градба во Центар?

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ го впери прстот кон својот противкандидат во вториот круг од изборите – актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, посочувајќи го како креатор на она што се случува
Go toTop