Абазовиќ: Со проширувањето ЕУ не му прави услуга на Западниот Балкан, туку инвестира во својата безбедност

April 2, 2024
1 min read

Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е во интерес на самата Унија и на нејзините членки, смета поранешниот црногорски премиер Дритан Абазовиќ.

– Со тоа не ни се прави услуга нам, туку се инвестира во безбедноста и иднината на Европа и во интересот на секој што сака да ја види Европа како суперсила, како обединета Европа со сите наши земји, вели Абазовиќ во интервју за бриселскиот портал „Еурактив“.

Според него, во Црна Гора над 81 отсто од населението го поддржува членството во ЕУ, па затоа таа е „совршена земја за заживување на процесот на проширување на ЕУ“.

Црна Гора го започна преговарачкиот процес за членство во ЕУ во 2015 година и ги отвори преговорите по сите поглавја, но до февруари годинава ги заврши само за три од нив.

Абазовиќ смета дека Европската комисија мора да биде попродуктивна и да оствари повеќе резултати, изразувајќи надеж дека таа ќе биде „освежена“ по јунските евроизбори.

– Мислам дека некои аспекти можат да бидат поконкретни, со повеќе резултати. Мислам дека Европа може да биде попродуктивна отколку што е сега, вели Абазовиќ, кој е лидер на опозициската партија Обединетата реформска акција (УРА).

Во однос на изборите за Европскиот парламент, Абазовиќ смета дека за земјите од Западниот Балкан е исклучително важно поголема поддршка да добијат партиите што го поддржуваат проширувањето на ЕУ.

– Ќе претставува лоша порака ако дојдеме во ситуација во која екстремно десничарските партии ќе имаат голема поддршка. Не сакаме да се вратиме назад. Ни треба визија за иднината, повеќе солидарност низ Европа, додава Абазовиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зелен месец во Шпаркасе Банка!

Следно

Зголемена е дискриминацијата на муслиманите во САД по 7 октомври

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop