АА: Претседателката – која неВРЕДИ им нанесе тежок удар на Албанците, командантот Емини разрешен и поставен на административна позиција!

March 6, 2025
1 min read

Од Алијанса за Албанците попладнево реагираат по повод разрешувањето на Бесник Емини.

Како што велат, тој од позицијата Командант на Командата за операции, се разрешува, деградира и понижува, поставувајќи го на административна позиција во Министерството за одбрана.

„По деалбанизацијата на Агенцијата за разузнавање – каде што веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци -, по деалбанизацијата на Агенцијата за национална безбедност – каде што веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци –, и по деалбанизацијата на Воената служба за разузнавање и безбедност – каде што веќе ниту директорот, ниту некој од тројцата помошници не е Албанец –, како и откако беше заобиколена постапката за именување на албански генерал на чело на АРМ, денес Претседателката – која неВРЕДИ – им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на Македонија, деградирајќи ги.

Генералот Бесник Емини, од позицијата Командант на Командата за операции (од оваа позиција директно командуваше со околу 80% од армијата), се разрешува, деградира и понижува, поставувајќи го на административна позиција во Министерството за одбрана.

Четири позиции се реално најважни во армијата:

• Началник на Генералштабот,

• Командант на Командата за операции,

• Командант на Првата бригада,

• И Директор на Генералштабот.

За да го прикријат овој масакар, го поставија генерал Лулзим Нуредини на позицијата Командант на Командата за обука и доктрина (позиција која нема значајна улога).

Она што денес се случи е масакар и целосно понижување на Албанците во армијата“, велат од АА.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓуровски: Во време на геополитички промени, потребен е дијалог за македонската надворешна политика меѓу власта, опозицијата и академската заедница

Следно

Народна банка: Историски исчекор за нашата земја, станавме членка на СЕПА

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop