АА-Дијаспора: ВЛЕН соучесник во бришење на дијаспората, повлечете ја одлуката

June 29, 2024
1 min read

Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е во коалиција со доскоро владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ), соопшти дека со голема загриженост ги следат „политичките случувања во нашата земја, каде за кратко време новата Влада донесе некои одлуки на штета на Албанците и другите заедници“.

„Со голема загриженост ги следиме политичките случувања во нашата земја, каде за кратко време новата Влада донесе некои одлуки на штета на Албанците и другите заедници. Неодамна оваа Влада ја донесе најсериозната одлука за нас како дијаспора, промените во Балансерот, бришејќи не од официјалната статистика и со тоа ни го ускрати правото на застапеност и да бидеме дел од општата популација во државата. Оваа голема неправда не само што е дозволена, туку и ја спроведува и коалицијата вЛЕН, која сега исто така учествува во ваквото одлучување“, велат од Ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората и додаваат:

„Ние, како дијаспора, потсетуваме дека сме граѓани на Северна Македонија и директен придонесуваме во сите процеси во земјата, како во економските преку ремитенци и во многу случаи и со директни инвестиции, како и во многу други сфери од јавниот живот. Ние сме директно поврзани со нашата татковина, во многу моменти сме директно вклучени и бараме да се врати еднаквиот третман со другите граѓани. Коалицијата вЛЕН најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега не само што врти грб, туку сака да не направи и непостоечки. Сите ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората реагираат гласно на неодамнешната одлука за бришење на албанската дијаспора од официјалната статистика за правична застапеност, а за оваа одлука ќе ги алармираме и европските и светските центри за одлучување како и сите здруженија на албанската дијаспора. – се вели во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани

Следно

Фајзер, кај ќе ти оди душата

Latest from Blog

Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција

Министерството за енергетика: Воведуваме ред таму каде што СДСМ остави хаос

СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот – конечно воведуваме ред таму каде што владееше хаос  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и

Андоновски оствари средби со технолошки лидери на почетокот на посетата на САД

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360
Go toTop