Минималец од 400 или од 500 евра?! Копјата ќе се кршат во февруари – Владата ќе мора да пресече

January 26, 2025
1 min read

Минимална плата од околу 400 или 500 евра?! За ова сепак ќе мора да пресече Владата, која ги остави претставниците на синдикатите и работодавачите сами да се договорат. За синдикатите е прифатлива идејата на Стопанската комора на Северозападна Македонија, за минималец од 500 евра, но придонесите да останат исти, односно да не се плаќаат дополнителни придонеси за разликата од покачувањето.

-Јас би побарал и 500 евра да биде минимална плата, зошто да не биде. Али да, сигурно ќе бидеме сите среќни и весели. Се надевам и Владата ќе биде весела со, ама ипак она е проблем што парите треба да ги дадат работодавачите. Они знаете што викаат. Во ред ние ако го качиме така ќе отпуштиме работници одма претат со нешто што не е издржано, меѓутоа они се живо прават само да не дадат од профитот, вели Марјан Ристески, претседател на КСОМ.

Идејата за минимална плата од 500 евра излезе од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

-Единствена солуција, единствен начин да се реши минималната плата за подолги години, сме за минималната плата да е 31.500 и е нормално да придонесите останат исти, изјави Менди Ќура, претседател на СКСЗМ.

Но, за Организацијата на работодавачи тоа се само желби, кои тешко можат да се реализираат. Остануваат на ставот за законско усогласување, со кое минималната плата ќе се зголеми за околу 1.800 денари, од сегашните 22,500 на околу 24,400 денари.

„Минималната плата да се покачи согласно законот, а зголемувањето да речеме до 30.000 денари да биде без придонеси. Значи не е задолжително, туку оние што ќе ја покачат платата да речеме од 24.400 до 30.000 денари, да биде разликата без придонеси.

Владата нема да може да обезбеди зголемување на сите плати, согласно да речеме ако минималната плата да биде 30.000, тогаш останатите плати треба исто така да се зголемат за 25 проценти и да не се плаќаат придонеси ќе треба најмалку 25 посто сите плати да се зголемат во Македонија. Тоа е невозможна работа, тоа е само желби на синдикатот“, изјави Ангел Димитров, ОРМ.

На почетокот на февруари ќе се кршат копјата за минималецот- тогаш треба да се одржи Економско-социјалниот совет. На иста маса ќе седнат работодавачите, синдикатите и владата за конечно да одлучат колку ќе изнесува минималната плата од март. Според последните податоци од Сојузот на синдикати на Македонија, во моментов 25.000 работници земаат минимална плата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Следно

Хамас: Палестинците го отфрлаат планот на Трамп за преселување

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop