Едно лице е убиено, 5 се повредени во израелски оган во Либан и покрај рокот за повлекување на израелската војска

January 26, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Едно лице е убиено, а пет други се повредени од израелски оган во јужен Либан, објави Либанската државна новинска агенција, пренесува Анадолу.

Лицето е убиено во градот Хула, додека петмината се повредени во Кфаркила.

Ова се случи и покрај истекот на рокот за повлекување на израелската армија од јужен Либан. Израел претходно изјави дека повлекувањето може да потрае подолго од 60-дневниот временски рок.

До петокот, израелската армија го прекрши речиси 660 пати прекинот на огнот кој стапи на сила кон крајот на ноември минатата година.

Либан и Израел постигнаа договор за прекин на огнот на 27 ноември за ставање крај на повеќе од 14-месечните борби меѓу израелската армија и либанската група на отпорот Хезболах.

Податоците од либанското Министерство за здравство покажуваат дека од почетокот на нападите на Израел врз Либан на 8 октомври 2023 година, убиени се најмалку 4.068 луѓе, меѓу кои и деца, жени и здравствени работници, додека 16.670 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд

Следно

Ѓоковиќ објави доказ за повредата: За сите спортски „експерти“… (ФОТО)

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop