Арсовска објави фотографија: Лицата кои ги трујат скопјани и кои претепаа инспектори и натаму се на слобода

January 25, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го повика МВР да реагира и да ги уапси лицата кои нанеле тешки телесни повреди на инспекторите од Град Скопје, и дека истите продолжуваат да го трујат Скопје.

„Добар ден МВР, би сакале да Ве информираме дека лицата кои пред извесно време им нанесоа тешки телесни повреди на инспекторите од град Скопје поради кои нашите вработени завршија во Ургентен центар, лицата кои извршија насилие со физички напад со метални шипки бидејќи беа фатени за креирање депонија и нејзино палење на улица Скупи, сеуште се на слобода.

Истата банда која повеќе пати е затекната во вршење на дела со кои ги загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните, си продолжуваат со своите активности континуирано дополнети со насилство и закани. Било кој друг да е фатен за истиве дела до сега експресно ќе беше изведен пред лицето на правдата и со судска пресуда казнет за тоа што не труе секој ден.

Бидејќи по официјални пријави не се постапува, ги повикувам сите скопјани да го пријават настанот и да побараме правда!!!“, напиша Асровска на социјалните мрежи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами продолжува да сее раздор во Тетово, му пречат улиците со македонски имиња

Следно

Тошковски: Оваа генерација покажа дека со храброст, посветеност, сплотеност и тимски дух можеме да се носиме со најдобрите

Latest from Blog

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и

„ВМРО ДПМНЕ Албанија“ притиска за формирање општини Голо Брдо и Гора

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“,  поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора. „Ова барање претставува сериозен

Трамп доби нова иранска понуда од 14 точки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе го разгледа предлогот доставен од Иран, насочен кон завршување на конфликтот. „Наскоро ќе го прегледам планот што Иран штотуку ни го испрати, но не
Go toTop