Што се Брахицефаличен синдром и дискус хернија болести кои се почесто ги напаѓаат домашните миленици

January 25, 2025
2 mins read

Во последно време, ветеринарната медицина во Македонија се соочува со сè поголем број случаи на брахицефаличен синдром и дискус хернија кај домашните миленици, особено кај популарните раси на кучиња и мачки. Овие состојби не само што претставуваат сериозна загриженост за здравјето на миленичињата, туку и за нивните сопственици кои се соочуваат со потребата од навремена интервенција и третман. За овие здравствени проблеми и начините за нивно справување, разговаравме со проф. д-р Пламен Тројачанец, раководител на Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

-Брахицефаличниот синдром претставува вроден проблем со дишните патишта кој се јавува кај раси со кратка муцка, како што се булдог, пекинезер, боксер и слично. Оваа состојба обично води до потешкотии при дишењето, што се манифестира со хрчење, отежнато дишење, како и нетолеранција на топлина. Поради изобличената структура на горните дишни патишта, животните често страдаат од недоволно снабдување со кислород, што може да доведе до сериозни здравствени последици ако не се интервенира навремено, вели проф. д-р Тројачанец.

Тој нагласува дека животните со оваа состојба многу често не покажуваат јасни знаци на сериозност, што доведува до доцна дијагноза.

-Во почетните фази, сопствениците можат да забележат само хрчење или незначително отежнато дишење, што често се занемарува како нормално. Меѓутоа, како што состојбата напредува, симптомите стануваат посериозни и животното може да има значителни потешкотии во дишењето, особено во топло време, додава проф. д-р Тројачанец.

Како што појаснува, лекувањето на брахицефаличниот синдром вклучува хируршка интервенција, која се користи за коригирање на анатомските абнормалности кои предизвикуваат блокади во дишните патишта. Се изведува операција за намалување на издувеното непце и за проширување на ноздрите, што дозволува подобро проток на воздух. Иако не е секогаш потребна хирургија во сите случаи, таа е најефикасниот начин за подобрување на состојбата на животните кои се сериозно погодени.

-Со другата сериозна состојба, дискус хернијата, се среќаваме кај кучиња со подолг и слабо развиен ‘скелет’, како што се бигли и јазовичари. Во оваа болест, интервертебралните дискови помеѓу пршлените се сушат и деформираат, што може да доведе до болки, како и до сериозни невролошки проблеми, ако се остави без третман. Ветеринарите истакнуваат дека оваа болест често се јавува во помала или поголема форма кај возрасни животни, при што симптоми како болки во грбот, тешкотии при движење и понекогаш парализа на задните нозе стануваат видливи.

Како што објаснува проф. д-р Тројачанец, успешноста на третманот за дискус хернија значително зависи од брзината на дијагностицирање и интервенција.

-Доколку болеста не се дијагностицира навремено, животните може да доживеат значително намалување на квалитетот на живот, а понекогаш и целосна парализа“, вели проф. д-р Тројачанец.

Третманите за дискус хернија најчесто вклучуваат хируршка операција за отстранување на оштетениот диск, како и физиотерапија за рехабилитација на животното.

-Неопходно е да се истакне дека и двете состојби, и брахицефаличниот синдром и дискус хернијата, можат да се избегнат или да се минимизираат со рана интервенција и редовни здравствени прегледи. Сопствениците на домашни миленици треба да бидат внимателни на раните знаци и симптоми и веднаш да се консултираат со ветеринар во случаи на забележување на било какви абнормалности во здравјето на нивните миленици. Професионалната дијагноза и навремениот третман се клучни за успешна рехабилитација и задоволување на потребите на животното“, додава проф. д-р Тројачанец.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК – надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата

Следно

Тешкиот живот на 19 годишна девојка од Скопје, мајката со солзи во очите раскажува: „Ако не се оперира, состојбата ќе се влоши“

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Филипче и СДСМ треба да знаат дека нема повеќе како до сега. Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да бидат жртви на валканите игри кои со години го

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци

По повиците на социјалните мрежи граѓаните во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се случи во Хрватска, а такви акции се најавени и во Босна и

Алеш Пајовиќ нов тренер на Фленсбург

Германскиот ракометен гигант, Флензбург, објави дека нов тренер на првиот тим ќе биде искусниот Алеш Пајовиќ. 46-годишниот стратег е селектор на Австрија последниве шест години и оствари добри резултати (двапати се пласираше
Go toTop