Компаниите ги чекаат парите од унгарскиот кредит, од Владата најавуваат завршување на процедурата до крајот на месецов

January 25, 2025
2 mins read

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на овој месец. Во вторник на владина седница се очекува да помине договорот по што ќе се потпише договорот со банките и практично со тоа парите од заемот треба да станат оперативни.

Договорот, како што вчера изјави премиерот Христијан Мицкоски, е финализиран и се очекува во вторник на владина седница да помине.

  • Се надевам дека до крајот на месецов се ќе биде завршено, ќе се потпише со банките и ги повикувам економските оператори да подготват проекти и да аплицираат за да ги добијат кредитите од комерцијалните банки, изјави Мицкоски при посетата на општина Петровец.

Kryeministri Hristijan Mickoski thotë se vizita në SHBA ishte historike dhe në interes të qytetarëve, ndërsa për akuzat e opozitës thotë se po defokusohen nga esenca.

Парите првично требаше да бидат оперативни до крајот на минатата година. Одоговлекувањето, како што вчера изјави премиерот, било поради тоа што е проширен опфатот на компании кои ќе може да аплицираат, поточно, освен за нови производствени капацитети и нова опрема, средства од унгарскиот заем ќе може да бидат доделени и за обновливи извори на енергија, како и за објекти кои компаниите ќе се користат како административни згради.

  • Анализата вели дека 250 милиони евра годишно е побарувањето на економските оператори за да земат заеми. Ако ги ограничите можностите, тогаш се ограничуваат и економските оператори и може да се случи од тие 250 милиони евра да се искористат само 120, 150 или 180 милиони евра, а другите да останат. Од тие причини, сакаме да го прошириме сето она што ќе има позитивен импут во БДП и во македонската економија. Но, сега е се дефинирано, завршено е, содржината на договорот е готова, изјави Мицкоски.

Од Стопанската комора на Македонија во понеделникот на прес-конференција посочија дека успеале во намерата голем дел од компаниите да учествуваат во добивањето на кредитот.

  • Имаме блиска соработка со Владата и последната информација од таму е дека сите компании ќе имаат можност да конкурираат за добивање на кредитот, што значи дека можат да го искористат за нивните намени и нивните потреби. Се забавува исплатата на кредитот, но ние бевме упорни во тоа, и го добивме токму тоа што го баравме со преговорите кои што беа макотрпни. Успеавме да го добиеме тоа што беше потребно, за сите наши компании да имаат можност да конкурираат за кредито, истакна во понеделникот Наташа Јаневска од Стопанската комора.

Од унгарскиот заем, 250 милиони евра се наменети за компаниите. Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите кон банките ќе плаќаат каматна стапка од 1,95 проценти, грејс периодот е три години и 12 години рок на отплата.

Договорот за кредитот од вкупно 500 милиони евра, во име на Владата, беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта од страна на министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска со унгарската Експорт-импорт банка.

Премиерот Мицкоски вчера потврди дека е пристигната и втората транша од заемот во висина од 500 милиони евра и дека е вратена еврообврзницата од 2018 година која доспеваше на почетокот на оваа година.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двојаковски го засили МЗТ Скопје

Следно

Претпладне со појава на магла, преку ден сончево време

Latest from Blog

Сиљановска Давкова на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во

Сообраќајот во зимски услови, по наместа влажни коловози и намалена видливост поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 – 100 метри има во Делчево, Битола, Прилеп, како и на патниот правец

Лара Гут-Бехрами победи во супер велеслалом во Гармиш

Лара Гут Бехрами е кралица на супер велеслаломот во Гармиш-Партенкирхен, бидејќи денеска стигна до петтата победа во оваа дисциплина во германскиот ски-центар, но прва сезонава. Скијачката од Швајцарија денеска триумфираше со време
Go toTop