Двојаковски го засили МЗТ Скопје

January 24, 2025
1 min read

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски (27 год, 204 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Тој доаѓа да ја засили центарската линија на тимот од Аеродром, со оглед на здравствените проблеми на кои деновиве се пожалија Милош Копривица и Андреј Андоновски, соопштија од клубот.

Првите чекори во сениорската кошарка ги направи во Шпанија, а во македонското првенство играше за екипи како Куманово, Пелистер, Еуро Никел и Работнички.

Двојаковски е веќе регистриран и своето деби во сино-белиот дрес ќе го има во недела, кога составот предводен од тренерот Васко Атанасов ќе му гостува на МКК Куманово (18 часот). (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп ги стопира проектите за енергија од ветер, велејќи дека ветерниците убиваат птици

Следно

Компаниите ги чекаат парите од унгарскиот кредит, од Владата најавуваат завршување на процедурата до крајот на месецов

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop