Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната недела

January 24, 2025
1 min read

Претставници на Здружението Хема-онко денеска оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на Клиниката за радиологија и онкологија во Скопје, но, неизбежно било да се разговара за недостиг од терапија за овие пациенти. Се апелирало проблемот да биде решен во најскоро време.

– И од министерот, како и од директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ни беше ветено дека терапија ќе има до крајот на наредната недела. Од него побаравме да се направат напори барем дел од оваа терапија да се стави на Позитивната листа со што овие проблеми ќе се избегнуваат во иднина, изјавија претставници на здружението за МИА.

Како што појаснија, Буџетот за 2025 за Онкологија бил зголемен, па тие се надеваат оваа дискусија за немање терапија повеќе нема да ја има.

– Ги посочивме и останатите проблеми со скрининг програмата, олеснување на патеката до центар за дојка и останатите снимања, така што, инсистиравме на воведување двојно читање на резултати со што сметаме дека ќе се намали процентот за грешки. Зборувавме за просторно проширување на Онкологија и изнаоѓање трајно решение за гужвата на оваа клиника. За итноста и потребата од дополнителен персонал. За нефункционирањето на Битолската клиника. Ова е втора официјална средба со министерот и искрено се надеваме дека ќе се променат состојбите на подобро, велат од Здружението.

Како што претходно информираа за МИА дел од пациентите на Онкологија, има недостиг од лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и денеска не кажа со кои американски компании се договорил, наместо тоа се пожали дека хотелот во кој спиел имал само 3+ sвездички

Следно

Трамп ги стопира проектите за енергија од ветер, велејќи дека ветерниците убиваат птици

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop