(ФОТО) Каналите во Венеција речиси пресушија

February 22, 2023
1 min read

Ваквата состојба ги загрижува екологистите и научниците кои стравуваат дека Италија би можела да се соочи со нова суша по вонредната состојба од минатото лето. Минатиот јули Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, која обезбедува околу една третина од водата потребна за наводнување на земјоделско обработливото земјиште во земјата и ја претрпи најголемата суша во последните 70 години

Венеција, каде што поплавите обично се голем проблем, деновиве се соочува со ниско ниво на водата како резултат на невообичаено ниската плима, но и намалените врнежи од снег на Алпите.

Ниското ниво на водата го оневозможува движењето на гондолите по некои од најпознатите венециски канали.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Проблемите во италијанскиот град се припишуваат на комбинација од неколку фактори, но главно поради недостигот на дожд и повеќенеделните суви зимски временски услови.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Организацијата за заштита на животната средина „Легамбиенте“ објави дека италијанските реки и езера страдаат од сериозен недостиг на вода, особено во северниот дел на земјата.

Најдолгата река во Италија – По, која тече од Алпите на северозапад до Јадранот, има 61 отсто помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија, пак, падна рекордно ниско, што овозможува да се стигне до малиот остров Сан Биаџо на езерото преку отворена патека.

Ваквата состојба ги загрижува екологистите и научниците кои стравуваат дека Италија би можела да се соочи со нова суша по вонредната состојба од минатото лето.

Минатиот јули Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, која обезбедува околу една третина од водата потребна за наводнување на земјоделско обработливото земјиште во земјата и ја претрпи најголемата суша во последните 70 години.

Сепак, најновите временски прогнози ги предвидуваат потребните врнежи и снег на Алпите во наредните денови.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови дојави за бомби повторно ја прекинаа наставата

Следно

УТРОВО НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА – деветти потрес во последните 68 часа, жителите око не може да склопат

Latest from Blog

И ги запалил станот и куќата на поранешната партнерка во Скопје, а потоа и се јавил да и каже!

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во

АВМУ: Вештачката интелигенција носи нови предизвици за слободата на медиумите

Во контекст на глобалното одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на влијанието на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и  многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12,

Кими Антонели за историја во Формула 1

Кими Антонели со своите 19 години испиша историја во овој мото спорт. Тој со својот Мерцедес се избори во квалификациите за пол-позиција за спринтот кој ќе се вози денеска во 18 часот,
Go toTop