Карабатиќ: Македонија многу напредна, секој љубител на ракометот го забележува тоа!

January 24, 2025
1 min read

Францускиот репрезентативец Лука Карабатиќ изрази задоволство од досегашните изданија на „триколорите“ на Светското првенство и во разговор за Gol.mk рече дека последната победа против Холандија од 35-28 била тешко извојувана.

„Лалињата“ не можеа да пружат силен отпор на големиот фаворит, а Карабатиќ скромно изјави дека неговите соиграчи дале максимум, воедно најавувајќи и голема борба на последниот натпревар против Македонија.

„Ниедна победа на Мундијалите не е рутинска, сите натпревари се важни и се обидуваме да го кренеме нашето ниво. Знаеме дека секоја екипа сака да освои бодови против Франција и затоа мораме да одговориме со максимален пристап.

Македонија има многу млада и квалитетна екипа, полна е со енергија и мислам дека ќе имаме тежок натпревар в сабота. Остварија добри резултати и прикажаа одличен ракомет. Тимот многу напредна од минатото Европско првенство, тоа секој љубител на ракометот веднаш тоа го забележува.

Репрезентацијата е предвоена од Кирил Лазаров, играч кој ги освои сите можни трофеи во клупскиот ракомет и настапуваше во најсилните светски лиги. Неговото искуство е од огромно значење и овие момчиња учат од еден неверојатно талентиран ракометар“, рече Карабатиќ.

Франција го задржа максималниот ефект на Мундијалот и е сигурен патник во четвртфиналето, а последниот натпревар од групната фаза против Македонија ќе го одигра на 25 јануари во 20:30 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот Стејт департментот престана да обработува барања за пасоши со ознака за пол „X“

Следно

Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop