Петмина повредени во напад со нож во Лондон

January 23, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Полицијата го уапси осомничениот за напад со нож, во кој се повредени пет лица во јужен Лондон, известува Анадолу.

Полицијата и другите служби за итни случаи биле повикани по пријава за напад со нож во магацин во Марлоу Веј, Бедингтон.

Полицијата на Лондон соопшти дека маж на возраст од 50 години, двајца мажи на возраст од 30 години и двајца мажи на возраст од 20 години биле пренесени во болница со убодни рани.

Во соопштението се наведува дека повредените лица не се во критична состојба.

„Во близина е уапсен 30-годишен маж поради сомнение дека нанел тешки телесни повреди и го поседувал оружјето употребено во нападот“, соопшти полицијата.

Полицијата додаде дека и осомничениот е пренесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.

„Врз основа на прелиминарните информации веруваме дека сите инволвирани се познавале. Затоа не веруваме дека постои поширок ризик за јавноста“, изјави главниот началник Енди Бритејн, локален полициски командант за јужен Лондон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост поради магла во Штип и на патот Велес-Катланово

Следно

Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop