Лефков: Онколошка терапија нема поради мафијата на смртта Пановски-СДС-Филипче, институциите да реагираат

January 23, 2025
1 min read

Јавноста со право е потресена поради последните случувања со недостаток на онколошка терапија на Клиниката за онкологија за болните од рак. Но, воедно, јавноста исто така треба и заслужува да ги знае причините за тоа зошто има недостаток на потребната терапија. Причината е многу јасна и многу провидна. Се работи за една иста мафија на смртта, која од тешката болест на луѓето профитира и прави бизнис, додека континуирано истите веледрогерии добиваат политичка заштита од политички структури, блиски до СДС и ДУИ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Во продолжение следува неговата прес-конференција: 

Секоја година, првите два до три месеци од годината има недостаток на онколошка терапија и секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени на лекови, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето и вештачки креирајќи криза со лекови. Таа иста мафија на смртта, иста веледрогерија, овие 30 години, поради свои бизнис политички интереси на својата нечиста совест, носи повеќе загубени животи од било која друга несреќа каде се загубиле животи во регионот.

Очигледно, не за џабе се зборува дека оваа мафија на смртта во Македонија, која 30 години ровари со Онкологија, е виновна за смртта на повеќе луѓе од сите мафии во регионот, од Грчец до Земун.

Многумина молчат затоа што се поткупени, а дел се плашат затоа што имаат блиски болни, на кои им е потребна помош, или се плашат да не имаат некогаш блиски болни и да не зависат од овој ист клан.

Оттука прашуваме: дали е точно дека веледрогеријата Пановски, која важи за блиска до СДС, истата веледрогерија каде ќерката-директор на Клиника, Ирина Пановска набавуваше лекови од таткото-директор на веледрогеријата, во време кога ним блискиот министер за здравство, Филипче, раководеше со здравство, го уценува со цени македонското здравство?

Дали и оваа последна криза на истата мафија на смртта, каде двојството Венко Филипче и веледрогеријата Пановски е дел од истиот фолклор, каде се печали од болеста на болните од рак?

Дали е вистина дека вештачки создадената криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постои сомнеж дека се манипулира со цените на лекови?

Се работи за трговци со животи и души на луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ бара мобилизација од институциите и расчистување на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која печали на болеста на луѓето.

Бараме надлежните институции да ги посочат сите одговорни, без разлика дали се лидери на партии, дали биле министри, или се лекари или дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат на грбот на оние најтешко болни пациенти.

Охрабруваме и Јавниот обвинител да спроведе обемна истражна акција за сите злоупотреби со онколошката терапија, која се прави од една иста веледрогерија.

Не смее да се дозволи тие да печалат, народот да умира! Бараме откривање на вистината за тесната политичка и бизнис спрега на Венко Филипче и моќните веледрогерии.

Но, не се посилни од државата и од интересот на народот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рокас: Ние ќе ви помогнеме да ги испорачате реформите, а вие треба да го искористите моментумот во процесот на проширување

Следно

Унгарскиот кредит за стопанството сè уште недостапен за македонските компании

Latest from Blog

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја
Go toTop