Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО

January 23, 2025
1 min read

Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) потенцираат дека бројот на пациенти е во постојан пораст и однапред најпрецизно не може да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката, но дека како Клиника располагаат со преглед на потрошувачка на количините за постојните пациенти.

Како што подвлекуваат, Клиниката за онкологија е на располагање за обезбедување регистар во форма неопходна за потребите на ФЗО, со цел обезбедување јасен и транспарентен начин за евиденција на биолошката терапија.

Став на стручниот колегиум на Клиниката е дека генеричките – постари лекови треба да се стават на Позитивната листа, бидејќи преку условен буџет, како што појаснуваат, сѐ уште се набавуваат лекови постари од 20 години што не е иновативна терапија.

– Додека нема скрининг програми што се функционални во пракса, а не само на хартија, бројот на пациенти со напредната – метастатска болест само ќе се зголемува, следната година се очекува поголем број на пациенти. Исто така, стручниот колегиум на УКРО е на мислење дека регистарот за рак ќе остане нефункционален додека не се обезбеди адекватен кадар – оддел, за континуирано ажурирање на податоците, со оглед на обемот на работа во овој сегмент и преоптовареност на постојниот персонал на клиниката, кој и покрај недостигот со што се соочуваме, пружа натчовечки напори за третман и нега на нашите пациенти. Исто така, нефункционалност на сите останати онколошки одделенија на територија на државата, а истите имаат одреден кадар и просторни можности, наведуваат од УКРО.

Еден од предлозите е Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство да ја тендерираат набавката на лекови од условен буџет според реалните потреби на клиниката и останатите онколошки одделенија.

Оттаму појаснуваат дека на оваа Клиника има јасен преглед на пациенти заболени од канцер по различни туморски локализации, односно има јасен увид во протокот на пациенти во амбулантско поликлиничкиот дел, дневната болница и болничките оддели. Велат дека има систем за следење на пациентите и се една од првите клиники во јавното здравство во државата што од 2006 година има свој болнички информатички систем што редовно се надградува и се синхронизира со потребите на националниот систем за упатување и евиденција во здравството, „Мој термин“.

– Во однос на стручниот колегиум, важно е да се истакне дека последниве две години функционира во полн состав по подолг застој. Исто така, воведен е и онколошки конзилиум на кој се разгледуваат сите пациенти на кои им се препишува биолошка терапија за вклучување и – или следење на ефикасноста на терапијата, истакнуваат од УКРО.

Од оваа Клиника се надеваат дека неопходните согласности за договор на дело ќе бидат процесуирани и одобрени од страна на надлежните институции со цел зајакнување на кадровскиот потенцијал на Клинката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сведокот за убиството на Вања кој беше во бегство, се предаде на полицијата

Следно

Македонија на дното на минимални плати во Европа, споредбено низ целиот континент

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop