Мартинез нов португалски селектор

January 9, 2023
1 min read

Поранешниот белгиски селектор Роберто Мартинез седна на клупата на Португалија, објави денеска португалското фудбалско раководство.

„Го ценам ентузијазмот и амбицијата со кои Мартинез го прифати повикот“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ), Фернандо Гомеш, на прес – конференција во Лисабон, во присуство на новиот селектор.

„Тоа е важен момент за репрезентацијата“, додаде Гомеш.

Мартинез се повлече од местото белгиски селектор, откако Белгија го заврши настапот на Светското првенство во Катар во групната фаза, истакнувајќи дека одлуката ја донел од порано и ќе се повлечел и во случај да ја освоил светската титула.

Мартинез на клупата на Португалија доаѓа на местото на Фернандо Сантос, кој, исто така, се повлече од должноста, откако Португалија испадна во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекордна продажба на автомобили Ролс Ројс во 2022 година

Следно

Плинските шпорети да ти биле штетни како пасивното пушење

Latest from Blog

ЧОВЕКОТ НА ПУТИН „ПАДНА“ ВО ЦРНА ГОРА: Трамп понуди 10 милиони за него – ова се деталите (ФОТО)

Шефот на руската информативна мрежа „Рибар“, Михаил Звинчук, кој наводно е близок до Владимир Путин, неговата сопруга Валерија, како и уште тројца нивни соработници беа уапсени во Црна Гора, пишуваат локалните медиуми.

Божиновска: Сигурното снабдување со струја и заштитата од ценовни шокови се наши приоритети

Владата ги презема сите мерки за да ги заштити граѓаните од ценовни шокови и да обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат
Go toTop