Министерот Ристовски со цврсти аргументи ги разобличи нападите од опозицијата

January 20, 2025
1 min read

Опозицијата во македонската политика, денес испрати обвинувања на сметка до Министерството за спорт и работата на првиот човек од оваа институција, Борко Ристовски.

На прес-конференција, од СДСМ излегоа со став дека ,,Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците”.

Одговор на опозициските напади испрати Ристовски.

Ристовски најпрво потсети дека сите претходници на спортските инситуции во Македонија од претходната Влада се соочуваат со кривична пријава за проневера на пет милиони евра. Посочи на фактот дека од Агенција за млади и спорт, новото Министерство наследило нула денари, а го спомена и ваучер системот.

Актуелниот министер повика и на дебата со било кој од спортскиот дел на опозицијата, со едно барање – да дојде подготвен на вкрстувањето ставови.

„Вообичаено не одговарам на лаги и небулози, но во интерес на вистина овојпат должност и обврска ми е пред јавноста да ги објаснам работите со факти и со аргументи.

Одиме по ред:

ФАКТ бр.1:

Кога зборуваме за корупција би сакал да го потсетам дотичниот претседател на Комисијата за спорт на СДС дека има кривични пријави за тројца функционери од редовите на СДС – Даниел Димевски, поранешен советник за спорт на Зоран Заев, и двајца поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски и Наумче Мојсовски, за проневера на 5 милиони евра т.н. ваучер систем.
Затоа, кога зборувате за корупција, имајте барем малку доблест и прво погледнете во сопствениот двор.

ФАКТ бр.2:

На сметката на тогашната Агенција за млади и спорт, СДС нема оставено 9 милиони евра, туку 0 (и со букви НУЛА) денари за субвенции во спортот (види фото!).
На другата страна, Министерството за спорт за 6 месеци обезбеди 550 милиони денари за субвенции и плус дополнителни 200 милиони денари од игри на среќа, или вкупно 750 милиони денари наменети за македонскиот спорт.

ФАКТ бр.3:

СДС нема сменето ништо од нивниот корумпиран ваучер систем, туку тоа го направи Министерството за спорт преку законските измени минатото лето.

П.С.
Порака до Комисијата за спорт на СДС/ советник на екс премиерот Ковачевски/ кошаркарски тренер во обид – За да дебатирате за било која тема поврзана со спортот, треба да имате елементарно познавање на спортот и како функционира спортот и институција како Министерство за спорт.

П.П.С.
Оставам простор за дебата на било кое место и во било кое време на некој од националните медиуми, со било кој „спортски функционер“ од СДС.
Единствен услов: кој и да е соговорник, да дојде подготвен.”,- стои во одговорот на Борко Ристовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крамарска во Аргумент плус: Очекувам Трамп да ги седне на маса Русија и Украина

Следно

Амбулантите преполни од грип: Пикот се очекува во февруари, најпогодени децата

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop