Првиот човек на францускиот фудбал му се извини на Зидан

January 9, 2023
1 min read

Претседателот на фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, се извини денеска поради изјавите поврзани со поранешната фудбалска ѕвезда и кандидат за местото селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан.

Ле Грет во обраќање до јавноста лично му се извини на Зидан и рече дека неговите изјави биле „неумесни и како последица предизвикале големо недоразбирање“

„Сакам да се извинам поради овие забелешки кои на ниту еден начин не го претставуваат моето мислење за него и не ја намалуваат важноста на неговата фудбалска кариера и сегашниот успешен тренерски ангажман. Зидан беше кандидат за селектор на Франција доколку Дидие Дешамп замине од клупата. ФФФ потоа објави дека Дешамп, светскиот првак од 1998. како играч и 2018. како тренер го продолжи договорот до крајот на 2026 година“, изјави Ле Грет.

Гостувајќи во емисијата „Бартоли тајм“ на Радио РМЦ Спорт кај прославената француска тенисерка Марион Бартоли, претседателот на ФФФ објасни зошто е одлучено Дешамп да остане селектор на Франција, изнесувајќи притоа неумесни коментари на адреса на Зидан.

„Не би му се јавил на Зидан на телефон доколку ме побара. Што да му речам? Добар ден господине, барајте некој друг клуб, ние само што се договоривме со Дешамп. Зидан во Бразил? Не ме интересира. Тој работи што сака, тоа не е моја работа. Никогаш не сум се сретнал со него. Никогаш не сме размислуваме да ја прекинеме соработката со Дешамп“, рече Ле Грет.

Неговата изјава наиде на критики од францускиот репрезентативец Мбапе кој објави на социјалните мрежи оти никогаш не криел дека Зидан е неговиот идол.

„Зидан е Франција. Не можеме така да не ја почитуваме легендата“, напиша Мбапе на својот профил на Твитер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Време е Шведска да влезе во НАТО, таа направи сè што бара Турција

Следно

Рекордна продажба на автомобили Ролс Ројс во 2022 година

Latest from Blog

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се

Португалците очекувале дека Роналдо сам ќе се повлече по Мундијалот, новиот селектор дури и поставил услов

Португалската фудбалска федерација очекувала Кристијано Роналдо да се повлече од репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година, објавува мадридски „Ас“. Според весникот, при изборот на наследникот на Роберто Мартинез, федерацијата предводена од

Проданоски: Економскиот факултет создава генерации кои придонесуваат за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет во Прилеп, каде на студентите им посака успешен почеток на новата академска година. Проданоски истакна дека почетокот на
Go toTop