Масџид ал-Харам – Светата џамија, епицентар на исламскиот свет

January 19, 2025
1 min read

МЕКА (АА) – Масџид ал-Харам, позната и како Светата џамија или Големата џамија на Мека, претставува најсвето место за муслиманите низ светот, јавува Анадолу.

Со седумте минариња, ова архитектонско ремек-дело на исламската уметност секоја година пречекува милиони муслимани што доаѓаат за да го извршат обредот аџилак или умра.

Историјата на оваа Света џамија се протега до времето на пророкот Ибрахим (Авраам) и неговиот син Исмаил, кои ја изградиле Ќаба, кон која муслиманите се насочуваат при секоја молитва.

Ќаба се наоѓа во центарот на Големата џамија и има облик на коцка. Висока е околу 15 метри, а долга 11 метри.

Нејзината покривка се менува секоја година на деветтиот зул-хиџе (месец според лунарниот календар).

Покривката на Ќаба, која се состои од четири дела, е направена од чиста свила, а се изработува машински, како и рачно. При изработката се користат конци од злато и сребро.

Со овие конци на неа се пишуваат различни молитви и стихови од Куранот. Покривката е долга 47 метри, со површина од 657 квадратни метри.

Милиони верници секојдневно ја посетуваат Мека, најсветиот град за муслиманите, за да ја доживеат духовната блискост со Ќаба и со својата вера.

Мека, лоцирана во западниот дел на Саудиска Арабија, е место каде што е роден последниот божји пратеник, Мухамед.

Од овој свет град започна ширењето на пораката на исламот низ целиот свет по објавувањето на светиот Куран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР за акцијата во која беше уапсен Штекли: Сузбиена организирана криминална група за трговија со дрога

Следно

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на Водици во Охрид и во Струга

Latest from Blog

Романија прогласи воздушна тревога поради напад на руски дрон близу границата

Во Романија, населението на областите Тулча и Галац доби воздушен аларм RO-ALERT во понеделник навечер поради нападите со руски беспилотни летала во Украина. „Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, нови напади со

ВЛЕН со јасна порака: Работа за Гостивар, перспектива за Врапчиште

Општините не смеат да бидат прибежиште за политичко преживување, туку одговорност за работа, развој и вистинска услуга кон граѓаните. Во тој дух, коалицијата ВЛЕН го продолжува консолидирањето на изборните структури во пресрет

Нема да знаат што да им прават на парите: ОВИЕ три хороскопски знаци ги чека богатство во јануари

Јануари носи финансиски пресврт за трите среќни хороскопски знаци Јарец, Водолија и Бик. Додека повеќето луѓе ги бројат деновите до нивната следна плата, овие знаци ќе уживаат во неочекувано богатство. Космичките енергии
Go toTop