Бајден од Варшава: САД не се обидуваат да ја контролираат или уништат Русија

February 21, 2023
2 mins read

Во обраќањето од Кралскиот замок во Варшава по повод овонеделната годишнина од руската инвазија на Украина, американскиот претседател порача дека САД и европските држави не се обидуваат да ја контролираат или уништат Русија – нешто што претходно денеска го изјави рускиот претседател во своето обраќање до нацијата

Бајден порача и дека Украина никогаш нема да биде победена од Русија и никогаш нема да ја загуби поддршката од НАТО

Само неколку часа по говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој тој го обвини Западот за почетокот на конфликтот во Украина, американскиот претседател Џо Бајден во својот говор од Полска, пак, ги отфрли ваквите тврдења велејќи оти Путин ја започнал оваа војна.

Во обраќањето од Кралскиот замок во Варшава по повод овонеделната годишнина од руската инвазија на Украина, американскиот претседател порача дека САД и европските држави не се обидуваат да ја контролираат или уништат Русија – нешто што претходно денеска го изјави рускиот претседател во своето обраќање до нацијата.

„Оваа војна не е неопходност туку трагедија. Претседателот Путин ја избра оваа војна. Украина мора да се брани додека Путин избира да ја продолжи војната“,

рече Бајден во своето обраќање од Полска, додавајќи дека рускиот претседател има избор да ја заврши војната кога и да одлучи.

Осврнувајќи се на почетокот на војната во Украина пред безмалку една година, американскиот претседател рече дека Путин мислел оти НАТО ќе се распадне и подели. Наместо тоа, рече Бајден, НАТО е пообединет од кога било.

„Путин мислеше дека ќе се предадеме, но погреши. Мислеше дека НАТО ќе се претвори во Финска, а наместо тоа се случи НАТОизацијата на Финска и Шведска. Путин повеќе не се сомнева во нашето единство, но се сомнева во нашата истрајност. Но, нема сомнеж. Нашата поддршка за Украина нема да попушти и нема да се замориме поддржувајќи ја“,

нагласи Бајден.

Американскиот претседател порача дека Украина никогаш нема да биде победена од Русија.

Не само што по една година од војанта Украина не е поразена туку, како што вели Бајден, таа е сè уште независна и слободна – од Херсон па сè до Киев.

„Пред една година, светот се подготвуваше за падот на Киев. Од посетата на Киев и можам да кажам дека Киев стои силен и што е најважно, стои слободно“,

рече американскиот претседател.

Не само Украина, туку сите демократски земји беа на ставени на тест откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна војната, кажа Бајден и нагласи дека сојузниците стојат цврсто против руската агресија.

Завршувајќи го својот говор во Варшава, Бајден изрази благодарност до Полска, украинските војници и до сите оние кои ја бранат слободата.

„Да одиме напред со вера и убедување и со постојана посветеност да бидеме сојузници, не на темнината туку на светлината“,

рече претседателот на Соединетите Американски Држави.

На крајот од својот говор, Бајден на сцената беше пречекан од деца кои вееја украински, полски и американски знамиња.

Обраќањето на Бајден доаѓа откако Путин во својот денешен говор пред нацијата, меѓу другото, рече дека Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ) со Соединетите Држави со кој се ограничува стратешкиот нуклеарен арсенал на двете страни, но се закани дека ќе изврши нови нуклеарни тестови доколку САД го сторат тоа прво.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Агентот на Влаховиќ го блокираше трансферот на фудбалер во Манчестер јунајтед

Следно

Данска и Шведска се согласни дека Северен тек е намерно кренат во воздух

Latest from Blog

Мицкоски за Таравари: Тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои ја пустошеа, криминализираа и ограбуваа Македонија

Денеска во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски рече дека му посакува сѐ најдобро на Арбен Таравари и дека ќе го покани на кафе во Владата. На новинарско прашање по посетата на

Фетел: Не се сомневам дека Хамилтон ќе успее со Ферари

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го поддржа својот поранешен ривал Луис Хамилтон, поради тешкотиите што Британецот ги доживува откако се пресели во Ферари на почетокот на годината. Тешкотиите што

Путин најави дека утре ќе разговара со претседателот Ердоган за разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните разговори со Украина без предуслови на 15 мај во Истанбул, известува Анадолу. Путин даде изјава за новинарите по настаните одржани по

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За
Go toTop