Поради Водици: Посебен сообраќаен режим во Скопје

January 19, 2025
1 min read

Денеска по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје воведува посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.

Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инфантино се сретна со Трамп: Разговаравме за Светското првенство 2026

Следно

И денес студено и магливо

Latest from Blog

Божиновска: Силна и стабилна преносна мрежа услов за зелена и одржлива енергетика

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.

Атлетико Мадрид подготвува нов договор за Диего Симеоне

Раководството на Атлетико Мадрид ја разгледува можноста за продолжување на соработката со главниот тренер на тимот, Диего Симеоне, иако неговиот тековен договор е важечки до летото 2027 година. Според „Марка“, официјалните преговори
Go toTop