Исплата на пензиите од 27 февруари

February 21, 2023
1 min read

Владата на денешната 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари, која ќе почне од 27 месецов.

-Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година, информираат од Владата.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).
Владата, на денешната седница, ја разгледа и прифати и Информацијата со предлог мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите од јавниот сектор, со цел градење отпорност во нивната заштита, известуваат од владиниот прес-центар.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Г7: Ќе продолжиме да воведуваме економски санкции кон Русија

Следно

Агентот на Влаховиќ го блокираше трансферот на фудбалер во Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси, со конкретни чекори работиме на намалување на аерозагадувањето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со

Божиновска порача: Без силни меѓународни партнерства нема успешна енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката

Божиновска оствари средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Кина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката
Go toTop