Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет

January 18, 2025
2 mins read

Охрид и централното градско подрачје каде ќе се одржуваат главните случувања во врска со празнувањето на Богојавленскиот водосвет веќе се подготвени за да ги пречекаат верниците и гостите. Градот е свечено украсен, а езерското дно кај пристаништето исчистено за оние што ќе се решат да влезат во осветените езерски води.

Со чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и ќе го положи Чесниот крст во езерските води, така што оваа година се очкува и рекорден број верници и капачи во Охрид.

Согласно традицијата, Богојавленските празнувања се поделени на два дела и тоа верски односно црковни чествувања што се одвиваат под ингеренција на МПЦ и Дебарско-кичевската епархија, додека вториот е граѓанскиот дел што го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната празнична програма.

Верските празнувања почнуваат со богослужби во охридските парохиски цркви од 7 часот, како и со свети празнични литургии во четири храмови со почеток од 8:15 часот. Една од нив е црквата „Света Богородица Каменско“, каде службата ќе ја води Архиепископот Стефан, од каде во 9:45 часот е предвидено Литијата да тргне кон Градското пристаниште, каде ќе се одржува главниот настан.

Во сите парохиски цркви во Охрид во тек е пријавувањето на оние што сакаат да бидат дел од настанот, за што интерес пројавиле околу илјада верници, како охриѓани така и голем број верници од други градови во земјава.

Како и изминатите така и оваа година точно на пладне на месноста Сараиште ќе се врши групно крштевање во осветените води на Охридското Езеро.

Што се однесува на световниот дел од чествувањето на Богојавленскиот водосвет, големо внимание и оваа година е посветено на безбедноста на сите што утре наутро за самиот празник Водици ќе бидат на Градскиот плоштад и на пристаништето во Охрид.

Временската прогноза за утре предвидува температурата на воздухот да биде околу шест степени Целзиусови, без ветар и бранови. Температурата на водата е девет степени, временски услови што се ценат како поволни за овој период од годината.

Поради најавите од МПЦ дека за разлика од минатите години кога црковниот церемонијал беше скратуван поради тоа што капачите влегуваа во вода предвреме, оваа година нема да има скратување на предвидената служба, така што се апелира до нив да бидат трпеливи, да сочекаат да завршат пеењето и предвидената порака на Архиепископот г.г. Стефан до верниците.

За безбедноста на капачите оваа година се задолжени шест медицински екипи со три амбулантски возила, пет тима спасители на вода со чамци подржани од езерската полиција и дваесеттина нуркачи. Од здравствени причини им се посочува на сите што планираат да влегуваат во вода да не консумираат алкохол, како и да имаат подготвено сува облека и обувки за откако ќе излезат од езерото.

Општина Охрид за празнувањата најави богата културно-забавна програма така што за доброто разположение на празникот Водици се ангажирани уметниците Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата „Де-Ен-Ка“.

Прославувањата на Богојавленскиот водосвет во Охрид продолжуваат на 20 јануари со уникатната манифестација Денот на рибарите со која се чествува православниот празник посветен на Свети Јован Крстител, со забавни содржини во исполнение на уметници од Охридскиот еснаф.

Празнувањето по повод верските празници Богојавление и Свети Јован Крстител во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во православието, барем во овој дел од светот, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и според бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Toj важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајрактар ​​ТБ3 ПТ-3 успешно го заврши својот прв тест за истрелување муниција

Следно

Сирени за тревога и експлозии во Ерусалим, ден пред прекинот на огнот во Појасот Газа

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop