Имери Илкоска во Аргумент плус: Пред да ја тужам Филхармонија се обидов да разговарам со раководството, но не добив никакви одговори

January 17, 2025
1 min read

иригентката Дијана Имери Илкоска во Аргумент плус рече дека тужбата против Филхармонија следела по долгиот процес на нејзино игнорирање од страна на институцијата. Таа објасни дека неколку месеци се обидувала да разговара со раководството на Филхармонија но оттаму не добила никаков одговор на барањето за трансформација на работното место.

„Тоа беше процес што траеше од јуни 2024 до ноември 2024 и за тој период не добив никаков одговор. Се обидував и јас преку усен и писмен пат, се обидуваше и мојот адвокат но беше залудно. Тогаш покренав тужба и таа е во процес“, рече Имери Илкоска.

Таа појасни и дека пред да поднесе барање за трансформација на работно место забележала дека институцијата ја тргнала од сезонската програма на Филхармонија, без објаснување. На концертот кој требало да се изведе под нејзина диригентска палка, Имери Илкоска вели дека била заменета со диригент од Либан. Како што ни објасни таа, тоа било само почеток на развојот на настаните. Веднаш откако била известена дека нема да и биде продолжен договорот, на Дијана и бил забранет влез во институцијата без придружба на специјално лице. Веднаш потоа била избришана и од сајтот на Филхармонија.

Диригентката потенцираше и дека проблемот со позицијата диригент во Филхармонија постои уште од 2019 година кога тоа работно место згаснало во систематизацијата.

„Од 2019 година па се до овој момент во Филхармонија нема постојан вработен диригент, нема ниту асистент диригент. Имаше шеф диригент кој беше странец но ние кои се разбираме во струката знаеме дека е потребен шеф диригент за да се збогати арирмацијата на оркестарот но мора да има и диригент кој ќе работи со орекатарот и кој ќе биде државјанин на нашата земја“, рече Илкоска Имери.

Таа додаде и дека според Законот за работни односи, доколку 2 години има непрекинат работен однос на определен временски период, автомтски на работникот му следи договор за неопределен временски период.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јагуриновски: Oдиме со сите сили на победа против Гвинеја

Следно

Премиерот Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop